Фатете ги на дело! Како момците манипулираат со девојките?

Забележувате ли невообичаено однесување, умилкување и додворување кај момчињата? Можеби ви угодуваат и вие уживате, а тие всушност, манипулираат со вас за да го добијат она што го сакаат.

fatete-gi-na-delo-kako-momcite-manipuliraat-so-devojkite-01

Внимавајте на неколку трикови, не се предавајте и фатете ги на дело!

Кога ќе згреши, ви купува подарок

Сте забележале ли после некоја караница за која тој е виновен, не сака да признае, но за да ве смири следниот ден добивате некој подарок, покана за излегување, концерт или нешто што одамна сте посакувале? Некогаш е добро да попуштите и да прифатите, но не се предавајте лесно и кажете му дека иако прифаќате свесни сте зошто е сето тоа.

Ви дава празни ветувања

„Никогаш нема да те оставам...ти си единствена...“ Запрашајте се дали секогаш кога ги кажува овие зборови, колку и да звучат убаво има некоја вистина? Можеби е само лесен начин за да ве увери во она што сакате да го слушнете.

Ве убедува дека вие сте виновни, иако не сте направиле ништо лошо

Оној кој за секој проблем вината ја префрла на друг, не заслужува ниту време, ниту внимание или труд. Во овој случај тој сака да избега од проблемот и вие да се чувствувате виновно иако ништо не сте направиле. Не дозволувајте да си игра со вашата совест.

Ве уверува дека немате причина за љубомора

Тој флертува со други, а вам ви префрла дека правите хистерични сцени. Ве обвинува дека сте посесиви и немате разбирање. Повторно сака да ви го наметне вам проблемот. Единствено решение или да го нападнете со факти или ако не се промени, да се оддалечите од него.

Забележувајте ги знаците, поставете ги границите и почитувајте се!

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg