Со 8 чекори до неверојатен оргазам

Многу жени мака мачат за да доживеат оргазам. Но, тоа не би требало да биде тешко само ако сте подготвени да експериментирате сами со себе и да го запознаете своето тело. Ви откриваме како да доживеете неверојатен оргазам.

8-cekori-do-neverojaten-orgazam-01

1. Вежбајте

Скоро половина од жените првпат доживуваат оргазам за време на мастурбацијата. Кога го истражувате своето тело не се стремете веднаш кон клиторисот. Одвојте време за себе и полека истражувајте ги ерогените зони и ќе откриете многу нешта за себе.

2. Зголемете ја напнатоста со вечерно излегување

Загрејте се надвор од спалната соба. Излезете, забавувајте се, зборувајте за сексот или флертувајте додека вечерате. Дури и одењето во кино може да биде добра предигра. По некој нежен допир, бакнеж на чувствително место и безобразно триење на нозете може да биде само почеток за експлозивен оргазам.

3. Фантазирајте

Побегнете во фантазирањето додека мажот ве стимулира. Наместо него замислете некој познат згоден маж кој би го посакале во вашиот кревет или креирајте си во глава сосем поинаква ситуација со вашиот маж од онаа во која се наоѓате.

8-cekori-do-neverojaten-orgazam-1

4. Правете Кегелови вежби

Истражувањата покажале дека жените кои редовно прават Кегелови вежби полесно и почесто доживуваат оргазам и дека е посилен. Вежбајте ги карличните мускули стегајќи ги и опуштајќи ги. Правете ги овие вежби три до четири пати дневно.

5. Жената одозгора

Постојат одредени пози кои се совршени за да го поттикнат оргазмот кај жените, а позата во која жената е одозгора, добра е поради три причини: Прво затоа што така држи сè под контрола и може да одреди што најмногу ѝ се допаѓа пред да дојде до оргазмот. Другата причина е тоа што клиторисот дополнително се стимулира, а третата е тоа што неговите раце може да ги допираат вашите гради, што допринесува за поголемо возбудување.

6. Одзади

Една од добрите страни на оваа поза е тоа што може да го употребите својот прст или некоја сексуална играчка за дополнително да ја стимулирате вагината.

8-cekori-do-neverojaten-orgazam-2

7. Мисионерска

Класична, но добра. Оваа поза не само што е добра за зајакнување на интимноста, туку може и да се бакнувате или галите цело време, а ви дозволува и дополнително да се стимулирате сами со рака или со некои сексуални помагала.

8. Кажете му го она што го мислите

Со звуците кои ги испуштате јасно дадете му до знаење кога нешто ви одговара и кога нешто прави добро, а стишете се кога нешто не ви одговара. Само на тој начин ќе знае што треба да прави, а што не. Ако нешто прави погрешно, нагласете му го тоа за да знае.

8-cekori-do-neverojaten-orgazam-3

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg