Знаци кои ви покажуваат дека излегувате со мамин син

Загрижени сте дека можеби се гледате со момче кое е премногу приврзано со својата мајка? Кога излегувате со овој тип  момци понекогаш сигурно се чувствувате како да сте излезени со неговата мајка, наместо со него.

znaci-koi-vi-pokazuvaat-deka-izleguvate-so-mamin-sin-1

Во ред е кога момците се приврзани со нивните мајки, сепак нивната мајка е првата жена во нивниот живот која ја сакаат, поддржуваат и која секогаш ќе биде тука за нив.

Сепак, мора да постои некоја нормална граница, па затоа преку овие знаци веднаш ќе забележите дали станува збор за мамин син:

1. Неговите одлуки зависат од неа

Ако животот на вашето момче е контролирано од неговата мајка, тогаш без двоумење станува збор за мамин син. Постои огромна разлика помеѓу барање совет од својата мајка и дозволување таа да ги донесува одлуките кои смета дека се добри за него.

2. Одите кај момчето на вечера, а неговата мајка...

Му ја сечка вечерата, не му дозволува да го отвори второто пиво, му става марамче да не се накапе и тој се однесува нормално. Сите овие работи се знаци дека станува збор за мамин син. Во ред е таа да му приготвува јадење и слично, но воопшто не е во ред да му ја сечка храната.

3. Прашајте го за поранешната партнерка

Зошто прекинале? Ако ви одговори дека на неговата мајка не му се допаднала, тогаш затнете ги ушите бидејќи ќе почне да свири радарот за мамин син. Ниедна девојка нема да биде доволно добра за мајките, но сепак тоа не е причина за тој да ве остави ако сте среќни.

znaci-koi-vi-pokazuvaat-deka-izleguvate-so-mamin-sin-2

4. Тој ѝ дозволува таа да ве контролира

Се сретнувате со неговата мајка, а таа упорно ви дели совети за промена на вашата коса, работа, облека и што ли уште не. Наместо тој да застане на ваша страна, тој потврдува дека вие треба да се промените и ја поддржува својата мајка. Зарем некое друго момче би барало вие да се промените?

5. Критики за готвењето

Доколку константно ви дава критики за вашето готвење и дека истото не е доволно солено, слатко, печено, сварено како она на неговата мајка, тогаш дефинитивно тој е мамин син. Тој е толку приврзан што не му одговара ни вашето готвење, ниту чистење и слично.

6. Целодневна кај мама

Живеете заедно, а вашето момче го нема со часови да си дојде дома. Но, не се грижите толку многу од едноставна причина затоа што знаете дека е кај неговата мајка. Ова е голем знак дека станува збор за мамин син, кој сѐ уште не е подготвен да се оддели од животот со своите родители.

Ниедна девојка нема дополнително време за овие мамини синови.

Па, девојки споделете го вашето искуство, сте излегувале ли досега со мамини синови?

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...

Најчитани неделава