Како летниот секс да биде уште пожежок?

Подготвени сте за експерименти кои дополнително ќе ве загреат? Искористете ги жешките денови и ноќи за да го зачините својот сексуален живот.

kako-letniot-seks-da-bide-uste-pozezok-01

Вклучете ја климата и фантазијата...

Разладете се со ментол и коцки мраз - Ментолот и мразот се идеална предигра кога ќе останете сами. Ставете ментол бонбона во устата и бакнувајте се или прекријте го телото со десетици коцки мраз.

Заборавете на долната облека - Скокотнете му ја фантазијата и „случајно“ заборавете ја долната облека на следното излегување. Тестирајте ја неговата издржливост во текот на целата вечер.

Отворете ги прозорците - Ако ве возбудува сексот на јавни места, ова е идеално летно загревање. Дневниот секс на прозорецот е одлично освежување за похрабрите кои уживаат во опасноста да бидат фатени на дело.

Внимателно испланирајте го летувањето - Откако ќе ја одберете идеалната дестинација, зачинете ја со секс на балконот, на најблиската пуста плажа или некој експеримент во вода кој не можете да го направите дома.

Секс под туш - Обидете се една вечер да ја исклучите климата и да им се препуштите на мокрите тела и коса.

Кажете „да“ на нудистичките плажи - Ова чувство на слобода е најголем летен афродизијак. Затоа што мажите се визуелни суштества, не сте ни свесни како ќе ви се оддолжат кога ќе останете сами...

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg