11 тајни знаци дека тој е фантастичен во кревет

Не сите мажи се совршени љубовници и за жал, поголем дел од жените тоа го откриваат прекасно.

11-tajni-znaci-deka-toj-e-fantasticen-vo-krevet-01.jpg

Затоа, сексологот Трејси Кокс ги открива тајните сигнали кои однапред ќе ви ги откријат неговите секс-вештини.

Грицкање на нокти - Мажите кои ја имаат оваа навика на прв поглед не делуваат неодоливо, но дајте му шанса. Ќе се изненадите од неговата страст.

Има куче - Мажот кој има миленик е научен туѓите потреби да ги става пред своите. Затоа, ова е повеќе од добар знак. Исто така, тој не е претерано педантен, така што слободно може да се опуштите.

Не е топ модел но... - Ако не е совршено пропорционален, најверојатно не е навикнат жените да паѓаат пред него. Но, тоа е добар знак затоа што е свесен дека ќе треба да се потруди околу вас. Најдобриот дел следува под чаршавите.

Има добар ракопис - Истражувањата покажале дека мажите кои пишуваат овални букви имаат зголемена желба за секс и се креативни по тоа прашање.

Убаво мириса - Мирисот е првиот показател на привлечноста, така што колку подобро мириса, поголеми се шансите дека сте генетски компатибилни.

Се држи исправено - Држењето на телото ви открива дали по природа е мрзелив и колкаво е неговото ниво на самодоверба. Секогаш, буквално секогаш забележувајте дали неговите раменици се искривени или исправени - тие ќе ви откријат дали се труди во креветот или е мрзелив во постелата.

Не ги штеди шегите на сопствена сметка - Ако не му паѓа тешко да се пошегува на своја сметка, значи не е егоцентричен кога се работи и за сексот.

Зборува повеќе јазици - Овие мажи најчесто се подготвени да вложат сè што имаат за да дојдат до крајната цел.

Каков возач е - Ако вози како недораснат тинејџер само за да стигне до целта - оставете го, таков е и во креветот. Ако сака да разгледувате и да ужива додека патува - не ја пропуштајте шансата да го заведете. Се работи за врвен љубовник.

Каква му е дневната рутина - Ако полудува кога доцните 2 минути или нешто му ги промени плановите, очекувајте дека се работи за маж кој е претерано предвидлив во креветот.

Не се одвојува од другарите - Овие мажи немаат сопствено јас, но тоа може да се сврти во ваша корист. Искористете ја оваа негативна особина за да доживеете задоволство како никогаш претходно.

Гестикулира додека зборува - Ако ги мрда рацете додека зборува, тоа навестува дека сака да ги користи рацете и во креветот. Се работи за сексуално креативен маж.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg