Зборови кои секој гол маж сака да ги чуе

Мажите и жените се различни кога станува збор за љубовта и сексот, токму и затоа е интересно да се дознае што другиот мисли во одреден момент.

zborovi-koi-sekoj-gol-maz-saka-da-gi-cue-1

Можеби ќе си речете дека голиот маж и не сака ништо да чуе кога веќе се разгоруваат страстите и во тој миг конверзацијата е излишна. Но, работите и не се толку едноставни како што си мислите, дури и на момците им се потребни неколку охрабрувачки комплименти. 

Со додавање на овие неколку зборови во постела, вие откривате нешто секси и ново, но ја подигнувате и самодовербата кај себе и кај вашето момче.

Затоа следниот пат пробајте една од овие (или сите) реченици:  

„Те посакувам”-  Никој не би сакал да се најде во ситуација во која нема меѓусебно привлекување. Но, понекогаш е убаво да се чујат овие зборови, со цел да му дадете до знаење дека иако можеби не е совршен, сепак го посакувате.

„Твоето тело изгледа неверојатно” - Дајте му комплименти за стомакот, грбот, рацете, градите и кој било дел од телото. Имајте на ум дека комплиментите не се само за жените, туку и мажите се тие кои сакаат да ги слушаат.

„Кажи ми што сакаш во сексот”-  Ова за вас зборува дека сте подготвени да експериментирате, да пробате нови работи и дека не ја сакате монотонијата. Ако вие ја исполните секоја негова фантазија, верувате дека и тој ќе ви врати со истата мерка.

zborovi-koi-sekoj-gol-maz-saka-da-gi-cue-2

„Јас имам кондом”- Нема ништо лошо во жена која сака самата да се грижи за своето здравје и која сака сигурен секс. Тоа зборува дека истото го практикувате и со други партнери што резултира во сигурен секс со поголемо уживање.

„Толку ми е добро со тебе”- Секој маж сака да знае дека одлично ја врши својата работата, кога станува збор за сексот. Затоа во текот на сексот, малку охрабрете го, секако доколку навистина се чувствувате така.

За крај, не заборавајте на длабоките воздишки во моментот кога не се потребни додатните комплименти.

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg