Животна приказна: Никогаш немаат секс, а среќни се во бракот

Иан и Пола Мекфејден се во брак 10 години. Иан има мали психички проблеми, но според докторите не е социјално опасен. Тој имал непријатно детство кога уште од шестата година бил сексуално злоупотребуван од страна на заменикот директор на елитното училиште во кое учел.

nikogas-nemaat-seks-a-srekni-se-vo-brakot-01

Оттогаш Иан има аверзија кон сексот и кон сите интимности. Пола, пак, знае да се носи со сето тоа, го разбира и прифаќа, но и многу го сака. Таа има 23-годишен син од претходната нејзина врска кон кој Иан се однесува многу коректно.

Често не спијат заедно, бидејќи Иан има одбивност дури и кон спалната, па подобро се чувствува на каучот.

Пола раскажува дека одвреме навреме водат љубов кога тој е пијан, но никогаш немаат секс. Сепак, она што најмногу ги поврзува е љубовта меѓу нив која е доволно силна за да бидат среќни во нивниот брак.

Понекогаш знае да биде и нежен кон неа во јавност со тоа што ќе ја прегрне или бакне и тоа се посебни моменти за неа, но знае дека само во јавност се чувствува најсигурно и дека нема ништо да му се случи.

nikogas-nemaat-seks-a-srekni-se-vo-brakot-1.jpg

Пола за него има само пофални зборови, за тоа колку е великодушен, снаодлив, интелигентен и духовит. Таа вели дека и покрај тоа што немаат секс за никого не би го заменила.

Иан, пак, жали понекогаш што не може да ѝ пружи повеќе нежност на својата сопруга, која тоа го заслужува, но болката и аверзијата која ја чувствува е посилна од него.

Она што е најважно е дека знаат да се почитуваат и да се сакаат на еден посебен начин, кој често го нема во браковите во кој сексот е главното нешто што ги поврзува.

Тие се пример за една поинаква, но поголема љубов и доказ дека чувствата и внатрешната поврзаност е поважна и посилна од физичката.

nikogas-nemaat-seks-a-srekni-se-vo-brakot-2.jpg

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg