Со музика до оргазам!

so-muzika-do-orgazam-povekjeКога станува збор за едно секс искуство, посебно кога сте прв пат со некоја личност, секоја ситница е важна. Свеќи, шампањско, секси долна облека и секако- музика.

 

Музиката која ќе ја слушате за време на интимниот акт е по ваш избор. Веројатно не треба да се нагласува дека металот не е баш надобриот избор, освен ако вие и вашата партнерка не сте големи обожаватели на тој правец.

Бидејќи компактниот диск на еден пејач може да стане монотон, се препорачува компилација од различни изведувачи на еден жанр.

R&B

Овој правец како дел од музиката, има текст кој речиси секогаш се поврзува со љубовта, односите и сексот. Можете да одберете романтичен R&B диск, во кој текстовите сигурно ќе се однесуваат на љубовта и ќе можат наместо вие, да кажат што чувствувате кон вашиот партнер. Текстот, сам по себе може да биде многу секси и да ја поттикне предиграта и интимниот чин.

Електроника

Ако сакате релаксирачки ритам кој се развива се побрзо и побрзо, so-muzika-do-orgazamразличното темпо на музиката ќе помогне во темпото на сексот. Кај различните видови електронска музика, атмосферата се дополнува уште со шише добро вино или чаша квалитетен и вкусно жесток пијалок кој ќе ве омами толку многу што сексуалното искуство со овој вид музика ќе биде едноставно хипнотизирачко.

House

Музика која сама по себе е секси и потсеќа на залезот на сонцето, море, плажа, коктел во рака...Тоа е музика која е родена да биде дел од интимниот живот на секого.

Етно

Зошто да не? Етното е одлична музика за разбивање на рутината. Компилацијата Buddha Bar се заводливи на посебен начин, тоа е музика со која и вие и вашиот партнер ќе се чувствувате секси.

Jazz

Ако сакате долга предигра, собирање на страстите се до пенетрација и чувствителен, бавен секс, за вас е само Jazz. Но, со овој правец на музиката најчесто е - или го сакаш или го мразиш. Затоа при одбирање на овој вид музика, треба добро да го познавате вкусот на вашиот партнер.

Bossa Nova

Bossa Nova е музика која е створена за да ја возбуди жената. Бразилските заводливи ритмови ќе ве релаксираат, а со вистинската личност ќе ве доведат до потребната состојба. Оргазмот е загарантиран.

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg