6 стари митови за жените и сексот во кои уште се верува

Жените се понежен и поромантичен пол и полесно им е да бидат моногамни, а добриот оргазам ги наведува да се заљубат. Ако сте мислеле дека ова е точно, не сте во право. Ова се шесте најстари митови за женската сексуалност.

6-stari-mitovi-za-zenite-i-seksot-vo-koi-uste-se-veruva01

1. Жените повеќе сакаат моногамија

Една од најчестите претпоставки е дека женскиот ерос е многу попогоден за моногамија отколку машкото либидо, но тоа е само мит. Даниел Бергнер наведува дека според една германска студија од 2006 година, која опфатила 2500 парови и открила дека на жените побрзо им досадува моногамијата, за разлика од мажите.

2. Жените не се желни за секс како мажите

Се претпоставува дека мажите имаат поголемо либидо отколку жените. Но, според Бергнер, жените се подеднакво заинтересирани за секс колку и мажите, а можно е и биолошки да се програмирани да бараат секс со повеќе различни партнери во текот на животот. Сепак, романтичната конвенција ги ограничува жените пасивно да чекаат на мажите додека социјалното опкружување ги спречува да ја искажат својата сексуална потреба.

3. Жените не се стимулираат визуелно колку и мажите

Жените всушност многу повеќе се возбудуваат поради визуелната стимулација, отколку мажите, само што помалку зборуваат за тоа. Едно американско истражување открило дека жените физички реагираат многу бурно додека гледаат некој еротски материјал. Иако жените во просек, според анкетата, уживале помалку од мажите, нивните мозочни импулси реагирале еднакво како и кај мажите.

6-stari-mitovi-za-zenite-i-seksot-vo-koi-uste-se-veruva-1.jpg

4. На жените им треба повеќе време за да се возбудат

Според едно американско истражување мажите и жените се возбудуваат за отприлика исто време, односно околу 10 минути за целосна возбуда доколку гледаат некои еротски материјали. Силното физичко возбудување не се поврзува секогаш со емоционалната желба за секс. Се смета дека на жените им треба многу повеќе време за да доживеат оргазам, но и тоа не е целосно точно. За време на мастурбацијата и мажите и жените за просечно ист временски период доживуваат оргазам.

5. Јачината на либидото и сексуалното уживање се намалува со текот на годините

Според истражувањето на еден универзитет во Тексас, жените во своите триесетти и четириесетти години имаат поголем сексуален нагон, отколку додека се тинејџерки. Освен тоа, тогаш тие имаат и најсилен оргазам и најголеми шанси за повеќекратен оргазам. Голем број истражувања покажуваат дека жените како што стареат уживаат повеќе во сексот.

6. Оргазмот ги наведува жените да се заљубат

Иако оргазмот и кај мажите и кај жените предизвикува ослободување „хормон на љубов“, окитоцин не постои доказ дека овој хормон е одговорен за заљубување. Неопходни се повеќе истражувања, но сигурно е дека оргазмот има слично дејство и кај мажите и кај жените.

6-stari-mitovi-za-zenite-i-seksot-vo-koi-uste-se-veruva-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„Жабa во скок“ - секс поза за врвно уживање (18+) Иако на почетокот може да ви изгледа неудобна, ќе се изненадите колку е лесна пе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg