7 Работи кои мажите воопшто не ги забележуваат кај жените

Генерално, жените придаваат големо значење на ситници, за разлика од мажите на кои не им е важно ако сте накачиле некој килограм плус или ако бојата на косата не ви е онаква каква што сте посакувале...

7-raboti-koi-mazite-ne-gi-zabelezuvaat-kaj-zenite-1

На мажите им е најважно да бидат безусловно сакани, почитувани и нивната жена или девојка да биде покрај нив кога им е потребна.

Погледнете кои 7 работи мажите воопшто не ги ни забележуваат кај своите животни сопатнички:

1. Влакненца на нозете

На мажите навистина не им е важно дали редовно ги депилирате нозете. Дури и да се „запустите” неколку дена, тој воопшто нема да забележи.

2. Шминка

На вашиот партнер сигурно сте му прекрасни без шминка, а тој и онака не го знае името на половина од вашата козметика, ниту пак за што служат сите тие четки, алатки, маскари, коректори... Па затоа, не грижете се ако сте немале време да ја поправите или нанесете шминката.

3. Дружење со пријателките

Дури и нему му е потребно да одмори во петок навечер со фудбалски натпревар и неговото омилено пиво. Ако живеете заедно, тој можеби и се надева дека понекогаш ќе биде сам. Затоа, поминувајте време одвоено и не ги заборавајте пријателките.

7-raboti-koi-mazite-ne-gi-zabelezuvaat-kaj-zenite-2-

4. Конфекциски број на вашата облека

Момците едвај знаат која големина на маичка им е потребна, па затоа уште помалку ги интересира вашата. Важно е дека нему му се допаѓате како изгледате, без оглед на тоа дали носите XS или XL големина.

5. Долна облека

Тоа што жените сметаат дека секогаш мора да имаат гаќички и градник во иста боја, на мажите не им „паднало” ни на ум. На нив им е поважно кога ќе останете без вашата долна облека.

6. Редовен маникир

Тој не ја ни знае разликата помеѓу природните нокти и ноктите средени на козметичар. Момците го забележуваат францускиот маникир единствено ако вие им го покажете.

7. Како сте облечени

Ако го прашувате вашиот партнер, облечете го она во кое се чувствувате убаво. На момците им изгледате убаво во секоја облека, па затоа не го трошете времето во потрага по комбинација за на кафе, туку тоа време искористете го за вашиот партнер.

Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава