Кои жени се вистински магнет за мажите?

Огромен број на жени имаат шарм кој буквално делува како магнет за посилниот пол.

koi-zeni-se-vistinski-magnet-za-mazite-01.jpg

Токму ова се карактеристиките на магнетно привлечните жени, гледани низ очите на мажите:

1. Колковите и насмевката откриваат многу

Стручните тела за говор на телото истакнуваат дека најважно е жените да ја разбудат сензуалноста на колковите. Пуштете ги лесно да се нишаат додека одите. Исправете ги рамениците, исфрлете ги градите напред, исправете ја главата. Најважно е сè ова да го зачините со насмевка, затоа што таа му покажува на мажот кога една жена е отворена за комуникација, велат стручните лица.

2. Вечна младост

Не мислиме на физичка, туку на душевна младост. Младоста за мажите не претставува затегната кожа и витко тело. Таа се отсликува во ставот кон животот, во вечната невиност и детската живост. Мажите веднаш чувствуваат кога некоја жена ја носи онаа свежина, незагадена од туѓата негативност. Тоа се оние жени кои го разбираат животот како игра, но во позитивна смисла.

3. Љубовта не може да се одглуми

Многу жени прават грешка во животот кога се доведуваат во состојба да имаат потреба од маж. Да сакаш некој и да бидеш приврзан се сосема различни работи. Кога размислувате за среќата и задоволството на другиот, тоа е љубов. Мажите можат да почувствуваат кога некоја жена е гладна за внимание, а кога некоја чувствува искрена љубов.

4. Опуштеноста е афродизијак

Кога мажот ќе стане незаинтересиран, жените се склони на бурни, емотивни реакции. Меѓутоа, тоа само ја влошува состојбата. Жените дозволуваат емоциите да им ги контролираат делата и тоа е проблем, затоа што привлечноста автоматски им се намалува. Претераната загриженост е спротивно од она што мажите сакаат. Тие бараат весели и позитивни жени. Во ред е да се чувствувате луто или тажно понекогаш, но овие две емоции не смее да ви го контролираат животот.

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg