Отворено писмо до пријателот кој се обиде да ми ја „украде” девојката

Неодамна ја одведов мојата девојка на една забава, со цел да ја запознам со мои пријатели и бев многу возбуден заради целото заедничко дружење. Сѐ се одвиваше совршено.

otvoreno-pismo-do-prijatelot-koj-se-obide-da-mi-ja-ukrade-devojkata-1

Неколку дена после забавата, еден од моите пријатели ѝ испратил порака на девојка ми преку Фејсбук. Тој сакаше да знае, дали мојата девојка сака некогаш тие двајца да излезат заедно.

Иако таа никогаш не му одговори на пораката, сепак јас бев вознемирен заради целата ситуација. Си помислив, таа ноќ кога јас ги запознав, јас ја претставив како „мојата девојка”, а тоа е скриен код за: „Не може да спиеш со неа!”.

Следниот пат кога се сретнавме со истиот пријател, тој забележа дека јас не сум премногу среќен што го гледам и ме запраша зошто се однесувам така. Тогаш решив да напишам отворено писмо во кое ќе му дадам соодветен одговор:

Здраво „пријателу”,

Да, секако дека сум лут на тебе. На мојата девојка веќе ѝ испрати порака преку Фејсбук и се обиде да имаш тајна афера со неа. Затоа не ме прашувај зошто се однесувам чудно.

Верувам дека те привлекува, а има и зошто: таа има одлична смисла за хумор, готви, обожава видеоигри и има совршена насмевка. Но, не можеш да се обидуваш да ѝ влезеш во кревет, додека таа е во врска со мене.

Ти не си лош пријател затоа што се обиде да навлезеш во афера со девојка ми, туку си лош пријател бидејќи молчеше заради тоа.

Знаеш, јас и таа имаме една од оние чудни врски во кои НЕ спиеме со други луѓе.

Таа ми ги покажа пораките во кои ти од обично „Здраво” премина на покана за состанок. Тоа изгледаше толку лошо, па ти предлагам следната девојка на која ќе се обидеш да ѝ го побараш бројот да не биде нечија девојка. 

Би можело да ве интересира:

„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава