6 Пораки кои никогаш не треба да ги пратите на вашето момче

Со оглед на фактот, дека технологијата е неизоставен дел од нашите животи, често забораваме дека некои зборови не треба да бидат кажани, ниту напишани.

6-poraki-koi-nikogas-ne-smeete-da-gi-pratite-na-vaseto-momce-1

За чувствата или тешките мисли кои нè мачат треба да разговараме отворено за да добиеме вистински повратен одговор.

Смајлињата не можат да ги заменат искрените насмевки, ниту пак стикерите со бакнеж можат да ги заменат вистинските бакнувања.

Затоа, овие пораки никогаш не ги праќајте до вашиот партнер:

1. Зошто си ми лут?

Ако ви е лут, тогаш големи се шансите дека проблемот не сака да го решава преку пораки. Ако станува збор за нешто помало, можете да му се јавите, но сѐ останато се решава во 4 очи.


2. Зошто не ми одговараш?

Не ти се допаѓам повеќе? Ако се чувствувате несигурно, тогаш праќањето на пораки со ваква содржина може само да ја направи ситуацијата полоша. Вие ќе се нервирате додека не стигне одговорот, а сепак неговото решавање ќе мора да биде во живо.


3. Видов што постираше на ѕидот на „пријателката”.

Ваков тип на порака е многу детски, а ако нешто ве мачи прашајте директно. Дајте му до знаење дека не ви е сеедно кога се допишува со други и нека ви даде образложение.


4. Како можеш да не ми се јавиш?

Постојат низа можни сценарија поради кои тој не ви одговори на повикот. Не е во ред веднаш да го нападнете, туку настапете смирено.


5. Не ми се обраќај до крајот на животот!

Сигурно сте лути и вознемирени, но при вакви ситуации најдобро е да го држите јазикот зад заби. Едноставно не праќајте пораки.


6. Доста ми е, готово е!

Не е важно што се случило, но ова е дефинитивно погрешен начин за да ставите крај на врската. Зарем вие би сакале некој да ви го направи истото? Можеби е тешко, но сепак некои работи мора да се решаваа сериозно и без да се криете зад мобилниот телефон. 

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg