Писмо до господинот „За една вечер”

„Краткотрајна опсесија... која предизвика депресија и на крај заврши со агресија и трагикомични емоции. Со овие реченици можам да го опишам тоа што го имавме, а немавме во суштина.

pismo-do-gospodinot-za-edna-vecer-2

Ме научи да гледам во паралелна димензија. Твојот шарм беше нешто неодоливо, а гласот рапав како карпа ја отсликуваше твојата психа и карактер, што ме возбудуваше уште повеќе.

Твојата необичност, себичност и дволичност, подобро речено плашливост, го комплетираа тој твој мачо изглед на кој не можеше да му одолее ниедна девојка во клубот освен јас, за кратко.

Тоа за кратко помина, а ти стана моја опсесија, но повторно, за кратко.

И тоа кратко исто така помина, но сега мене не ме засега.

Те гледам во целина, ја гледам грдотијата во твојата душа маскирана со кич изглед, скап костум и Гучи парфем. Не те осудувам, си бил повреден и си научил како да повредуваш.

Но, си погрешил во изборот на личност на која ќе и глумиш глупак, ако тоа воопшто може да се нарече глума.

Интелигентен си, не го негирам тоа, но за мене проѕирен. Проѕирен како стакло кое не сакам да го скршам, бидејќи за момент ми подарило убави моменти кои секогаш ќе ми предизвикуваат лошење во стомакот кога ќе се потсетам на нив.

А сега збогум во неповрат и нека ова писмо остане блед спомен испишан со пенкало на хартија која ќе го искине твоето его, исто како што ти направи со моето срце после таа вечер кога замина без поздрав, а богами ниту бакнеж за добро утро“.

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...

Најчитани неделава