Жената која сакаше да си го изневерува сопругот, доби одговор

Пред извесно време секаде беше споделувано писмото на Илоа, сопругата која го сакаше својот сопруг, но сакаше да го изневерува.

taa-sto-bese-vljubena-vo-nego-no-sakase-da-go-izneveruva-dobi-odgovor-01

Сега таа доби одговор, на истиот начин, токму од него.

„Кога го прочитав нејзиниот текст во кој спомнуваше дека ја привлекува друг маж, ми се стегна стомакот. Бев бесен, го мислев истото што го мислеа и другите луѓе кои ја осудуваа во коментарите. Егото зборуваше од мене.

Не можев да си ги надминам мислите, морав да се смирам пред да се соочам со себе, бидејќи тоа немаше да биде моја реакција, туку на моето его. Најмногу се плашев од него дека ќе ме оддели од она што најмногу го сакав: љубовта.

Илоа и јас имавме договор дека мора сè да си кажуваме еден на друг, дури и најлошите мисли. Двајцата знаевме дека со тајните може само да си ја уништиме врската, како што тоа им се случи на многу наши пријатели, парови.

Поради тоа, рековме дека искреноста во бракот ќе ни биде најсилното оружје со кое ќе се бориме против длабоките стравови, тајни и желби.

За среќа имаме доволно убави и значајни работи кои нè врзуваат и поради кои не би попуштиле лесно пред препреките.

Единствениот страв е намерата со која ги започнуваме таквите разговори.

И овојпат го направивме истото што и секогаш, употребивме терапевтска постапка за да го откриеме коренот на ситуацијата. Што беше тоа што мене ми создава бес во целата ситуација?

Откривме дека мојот бес кој почетно беше насочен кон Илоа и нејзиното „одвратно“ однесување, всушност е маска за моите длабоки рани од детството – убедувањето дека мене никој не може да ме сака.

taa-sto-bese-vljubena-vo-nego-no-sakase-da-go-izneveruva-dobi-odgovor-1.jpg

Сето тоа потекнува од мојата шеста година, кога поради ударот на едно дете, ми беше отстранет едниот тестис. Бев исмеван и без никаква самодоверба.

Кога ја запознав неа се плашев да ја погледнам, да ѝ пријдам и верував дека ќе ме одбие. Но, знаев дека мора да ризикувам и да ја пуштам во мојот свет, да ѝ се отворам.

Знаев дека тој срам ќе го надминам само со разговор.

Бидејќи сум воспитуван како маж, не бев научен да ги покажувам чувствата. Дури и сега, по толку разговори со неа, се чувствувам непријатно кога зборувам за себе. Но, научив да не го слушам внатрешниот глас кој ми вели дека сум слабак ако плачам.

Оној ден кога ми кажа дека ѝ се допаѓа некој друг ја замолив да ме прегрне и плачев на нејзиното рамо. Почнав да ѝ кажувам од што сè се плашам, а таа само ме слушаше и прегрнуваше.

Откако збеснав, ја обвинував неа и се срамев од себе, по неколку солзи, дојде време за избор. Требаше да бидам отворен со неа. Требаше да ѝ кажам дека го прифаќам она што ми го кажа.

Да ја замолам својата сопруга, која пред само неколку минути беше причина за мојата болка, да ми помогне да се пронајдам себе.

Тогаш ја открив вистината. Не сум јас чудак, никогаш и не сум бил. Јас сум силен и јас заслужувам љубов. Ништо не може да ми биде одземено, бидејќи имам сè што ми треба.

Наместо да ги игнорирам своите стравови, се соочив со нив.

Признавањето на Илоа ми помогна да ја откријам борбата која се водеше во мене.

Јас сум обичен маж и секојдневно ме привлекува некоја жена. Некои само случајно, а некои ги среќавам секојдневно. Знам дека со секоја жена која ме привлекува имам можност низ разговор да ѝ пријдам чекор поблиску на својата жена и да станам подобар за неа.

Затоа секогаш сакам таа да ми ја кажува својата вистина, а за возврат јас ќе ѝ ја кажам мојата“.

taa-sto-bese-vljubena-vo-nego-no-sakase-da-go-izneveruva-dobi-odgovor-2

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg