Како да ја откриете лутината зад нејзиното „Ништо не ми е“?

Затоа што жените се комплексно чудо, може да наидете на многу препреки кога се работи за нивната лутина. Тука се помешаните сигнали, нејасните одговори, молчењето, а на крајот - експлозија.

kako-da-ja-otkriete-lutinata-zad-nejzinoto-nisto-ne-mi-e-01.jpg

За да не се доведете во ситуација во која ќе го игнорирате нејзиното „Сè е океј,“ внимателно со овие 6 сигнали. Токму тие ви кажуваат дека е лута, но молчи.

1. Не воспоставува контакт

Жените сакаат кога се јавуваат први и да ве распрашуваат какви ви се плановите, па ако ја нема до пладне, нешто не е во ред. Направете го првиот чекор, ништо страшно нема да се случи ако вие се јавите.

2. Одговорите и се кратки

Често знаете да водите долги разговори, а кога добивате порака од неа сигурно си помислувате дека имате цел роман за читање. Но, ако во изминатите неколку дена нејзините одговори се кратки и претежно го содржат зборчето НЕ, време е за грижа.

3. Нема веќе нежност

Ако одбива да ви ја држи раката или да ви ја гали косата, што инаку обожава, време е да се запрашате што сте направиле. Ова е еден од најсигурните знаци дека нешто не е во ред.

4. Престана да се грижи за вашите избори

Во моментот кога нема да и биде грижа што сте јаделе, кој филм сте го гледале и со кој сте се виделе, бидете свесни дека нешто големо се случува.

5. Ситниците ги претвора во огромен проблем

И тоа не е затоа што вашата девојка обожава расправии, туку затоа што веќе некое време е лута на вас, а вие не забележувате. Малите ситници кои инаку ги премолчува, сега кулминираат.

6. Нејзиниот одговор е: Баш ми е гајле

Оваа реченица не ја поднесуваат ниту мажите, ниту жените. Но, жените сакаат да ја користат кога се лути и изнервирани. Па, ако вели дека и е гајле што ќе вечерате или со кого ќе излезете, подобро е да навлезете подлабоко во проблемот.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава