Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сакате секс за една вечер? Ова мора да го знаете!

Каде ќе ја поминете ноќта, дали некој ќе ве види или не, што ќе биде утре, не се единствените работи за кои треба да се грижите ако сакате да пробате секс за една вечер.

sakate-seks-za-edna-vecer-ova-mora-da-go-znaete-01

Пред да се осмелите на таков чекор, важно е да знаете неколку работи:

1. Држете се до правилото за две дозволени пијачки

Ако сте едни од оние кои коктелите први ги привлекуваат, важно е да се ограничите само на два. Пијалакот би требало да ви помогне да се опуштите, да бидете послободни и посензуални, но не и едвај да одите. Алкохолот го намалува либидото, па многу потешко ќе постигнете оргазам.


2. Носете заштита

Штом бидете заведени од момче кое очекува секс само за една вечер, треба да ви биде јасно дека тоа нему не му е првпат, па затоа е важно да се заштитите. За да не се оптоварувате со размислување дали тој ќе има презерватив или не, добро е вие да носите за секој случај. Многу од девојките, понесени од страста, забораваат на овој проблем, за по месец-два со страв и неизвесност да бараат тест за бременост или ХИВ.

sakate-seks-za-edna-vecer-ova-mora-da-go-znaete-1

3. Потпрете се на себе и бидете активни

Штом се впуштате во сексуален однос со личност која не ја познавате доволно, мали се шансите дека тој ќе ви ги погоди точните точки од прв пат. Затоа, концентрирајте се на своето тело и постигнувањето оргазам. Нема потреба да се срамите, кажете јасно што ве возбудува и ќе уживате и двајцата целосно.


4. Не се плашете да пробате нешто ново

Ако имате храброст, сексот за една ноќ може да биде одлична прилика за да го проширите својот сексуален репертоар. Пробајте некоја нова поза, нешто невообичаено или нешто што ќе го сака вашиот партнер. Сепак, ако нешто не ви одговара, слободно кажете му.  Искористете ја предиграта и препуштете се на уживањето. Најважно е убаво да си поминете, штом веќе сте се решиле за таква авантура.

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Една работа која ми го спаси бракот, откако добивме деца со сопругот Со партнерот имавме луда романса. Постојано мислевме еден на друг, се состанував...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg