Грешки од минатото: Кога би била повторно млада овие грешки во сексот никогаш не би ги направила

Да можеме да го вратиме времето многу работи би ги направиле поинаку. Многу жени би се посоветувале себе да не се нервираат за нешто што се нервирале како девојки, кога почнувале со сексуалниот живот.

greski-od-minatoto-koi-nikogas-ne-bi-gi-povtorila-vo-seksot-01

Според една направена анкета на Фејсбук во која жените искрено одговарале што би се посоветувале себе како помлади во врска со сексот, ако можат да го вратат времето, многу од нив не би сакале да направат некои грешки.

Ова се дел од одговорите:

- Во ред е да уживате во оралното задоволство и да не му возвратите на партнерот со иста мера. – Розен В.

- Носи кондом – кламидијата не е шега! – Клара Б.

- Само затоа што ти се допаѓаат порно филмовите со лезбејки не мора да значи дека те привлекуваат жени. – Венди Б.

- Кога се работи за орален секс, ако момчето не ти ја возврати услугата некогаш, знај дека тој не е за тебе. – Лорен С.

- Секс на журка не е кул. Нема потреба случајно или намерно сите да ве видат и слушнат. – Ен Д.

- Не се срами. Опушти се и ослободи ги своите инхибиции. – Синди Л.

- Сексот е секс, а љубовта е љубов. Во ред е ако ти се допаѓа сексот со некого, а не го сакаш. – Бека Р.

- Мажите сакаат на жените да им биде убаво со нив, затоа дозволете му да ви угодува.  - Лорена Г.

- Не го сфаќај сексот сериозно. Чувствувај се убаво во своја кожа и уживај! – Ејприл Д.

- За аналниот секс мора да се подготвиш. Неговите прсти и лубрикантите не се доволни. – Фејт И.

- Не се лути ако откриеш дека твоето момче гледа порно филмови одвреме-навреме иако е во врска со тебе. Тоа не значи дека не сака секс со тебе. – Маргарет В.

greski-od-minatoto-koi-nikogas-ne-bi-gi-povtorila-vo-seksot-1

Што би се посоветувале вие себе?

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg