Македонските момци откриваат: Која е разликата меѓу девојка за една ноќ и за врска?

makedonskite-momci-otkrivaat-koja-e-razlikata-megju-devojka-za-edna-nok-i-za-vrska-2.jpg

Клучно е времето и местото на кое ја запознаваш. Ако ја запознаеш во диско, на шанк, таа е девојка за една вечер. И така секој пат кога ќе се сретнете после полноќ, додека не ве раздени. Девојката што ја сакаш за врска ја запознаваш преку пријатели, планираш состаноци, договараш време и место... За мене, тоа е пресудно. (Никола, 26)


Девојка за една ноќ... Ме асоцира на девојка без срам, која те кани, провоцира, предизвикува. Така и ги препознавам. До сега сите мои девојки за „една ноќ“ иницирале секс, директно или индиректно. Девојката за врска никогаш нема да ти пријде со прашање дали сакаш да си одите дома заедно, туку веројатно ќе те праша дали си ја пијачка, кафе, состанок... И веројатно тука е разликата. (Лука, 22)


Девојка за една ноќ е онаа девојка со која добиваш сè она што нема да добиеш од девојката за врска. За пример, најчесто нас мажите нè привлекува добриот секс кај девојките за една ноќ. Тие девојки се најчесто само за таа намена и најубаво е доколку уште во почетокот има т.н. јасен став и договор дека ќе се гледаш со некого само со оваа „намена“.

Девојката за сериозна врска е пак онаа девојка со која што се гледаш во иднина и за посериозни нешта. Тоа е онаа девојка за која имаш многу поголеми чувства и емоции, едноставно кај што има љубов. Тоа е онаа личност која би била еден ден идеалниот партнер, а можеби и животен сопатник. (Јован, 31)


Разликата е во тоа како реагираат другарите кога ќе им кажам за девојката со која бев излезен. Ако ја знаат како згодна, не многу паметна и почесто разголена, отколку облечена, максимум што можам да си дозволам е секс за една вечер. Ако ја опишат како убава наместо згодна, паметна и со „непознато сексуално минато“, веројатно ќе размислувам за тоа каква иднина имаме. (Стефан, 22)


Таа за една вечер е само „гимнастика“ и најчесто без емоции, само за провод, а некогаш не ти е ни важно каква е девојката, ниту размислуваш за тоа бидејќи немаш ни време – една вечер е во прашање. Е, кај девојката за озбилно важен ти е секој „детаљ“ од неа, па има период каде најдобро би било да оди прво запознавањето, „скенирање“ сè додека не се заљубиш и почнете да градите врска. (Дарко, 29)


За една девојка да стане девојка за озбилно, потребно е да постои хемија. Ако, после првото гледање, остане муабетот недовршен, ако и понатаму постои желба за повторно да се видиме, тогаш постои можност да бидеме заедно. Ако „падне“ секс на прва вечер, без разлика на годините, не би сакал да имам ништо сериозно со неа затоа што подразбирам дека тоа го прави со секој (без разлика дали во меѓувреме ќе ми направи приказна дека само со мене, или дека и е втор пат и сл.)  (Филип, 29)

Ќе се согласите ли со некои од размислувањата?

Според вас, која е разликата помеѓу девојка за една ноќ и девојка за озбилно?

Ако ве интересира како девојките ги разликуваат момците за една ноќ од оние за врска, прочитајте ги одговорите тука.

Е.П. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава