Работи кои никој нема да ви ги каже за аналниот секс, а баш би сакале да ги знаете

Аналниот секс за многу девојки е возбудлив, но повеќето од нив се откажуваат од идејата по првиот обид, бидејќи не е онака како што замислувале.

raboti-koi-nikoj-nema-da-vi-gi-kaze-za-analniot-seks-a-bas-bi-sakale-da-gi-znaete-01

Вистината е дека има некои непријатности, но сето тоа може да се надмине ако ви изгледа интересно или ако сакате да уживате во него.

Аналниот секс некаде сè уште е табу тема, но постојат многу луѓе кои сметаат дека не би требало да биде така.

Ова се неколку интересни факти за аналниот секс:

Не боли, но чудно е чувството

Ако при аналниот секс чувствувате остра болка, тогаш нешто дефинитивно не е во ред. Чувството повеќе треба да биде како некој да ви става нешто на погрешно место или како да чувствувате дека наеднаш морате во тоалет.

Не е понижувачко

Ниеден сексуален чин не е понижувачки сам по себе, туку само заради она што се наоѓа зад тоа. Ако ви се допаѓа аналниот секс, нема ништо лошо во тоа. Но, ако не ви се допаѓа, а партнерот ве присилува на тоа, тогаш е понижувачки.

Некои жени го сакаат, некои не

Ниту едниот ниту другиот не би требало да го доживува аналниот секс како личен или сексуален неуспех.

Можно е да се јават гасови

По аналниот секс вашиот задник може да испушти воздух кој тука се вовлекол за време на акцијата. Ако тоа се случи, само насмејте се и ќе биде сè во ред.

raboti-koi-nikoj-nema-da-vi-gi-kaze-za-analniot-seks-a-bas-bi-sakale-da-gi-znaete-2.jpg

Ако ви е непријатно, немојте веднаш да отстапите

Ако ве возбудува оваа идеја, а чувството ви е непријатно немојте веднаш да се откажувате, бидејќи повторниот обид може да биде пријатен. Почетокот е најтежок.

Само замолете го партнерот да забави и пенетрацијата да биде поплитка. Ако и после тоа сепак ви е непријатно и ве боли, тогаш тоа не е за вас и треба да се откажете.

Аналниот секс е можен и во мисионерската поза

Можен е, но не е препорачлив на почетокот, бидејќи во таа поза имате помала контрола.

Ако еднаш имате анален секс не значи дека мора секојпат да го имате

Не значи дека наеднаш станува дел од вашиот сексуален живот и дека мора постојано да го практикувате. Ако не сакате, не морате, тоа е единствено правило.

Само перверзни девојки сакаат анален секс

Вистината е дека има многу нормални, обични жени и девојки кои уживаат во него. Љубопитноста е она што ја создава желбата за која било поза.

За аналниот секс не треба кондом

Не можете да забремените, но може да добиете некоја полова болест или во најдобар случај Ешерихија коли, која може да доведе до инфекција во урината. Затоа, најдобро е да не го избегнувате кондомот.

raboti-koi-nikoj-nema-da-vi-gi-kaze-za-analniot-seks-a-bas-bi-sakale-da-gi-znaete-1.jpg

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава