10 Чудни, но слатки нешта кои ни се случуваат кога се заљубуваме

Насмевка на лице, треперење на раце додека пишуваме порака, чекањето на новиот состанок и сите оние слатки и чудни моменти кои ни се случуваат додека се заљубуваме...

10-cudni-no-slatki-nesta-koi-ni-se-slucuvaat-koga-se-zaljubuvame.jpg

Сигурно ќе се препознаете во овие 10 нешта, бидејќи на сите ни се случиле кога започнуваме нова врска:

1. Ве фаќа паника секој пат кога ќе пратите порака на вашите пријатели, поврзана со личноста со која се гледате. Си мислите дека можеби тој/таа ќе дознае како се чувствувате и цело време проверувате дали сте ја пратиле на вистинската личност.

2. Онаа глупава насмевка на вашето лице кога сте сами и размислувате на него/неа...

3. Личноста ве прави толку среќни, што обожавате да зборувате за неа, иако сфаќате дека станувате здодевни.

4. Кога ќе дознаете сѐ за новата личност како на пример нејзините желби, детство, омилена боја, филм, соништа...

5. Пред да излезете со него/неа сте нервозни и се прашувате дали сте убаво облечени. Иако знаете дека ѝ се допаѓате без разлика на облеката, сепак се трудите да изгледате одлично.

10-cudni-no-slatki-nesta-koi-ni-se-slucuvaat-koga-se-zaljubuvame-2

6. Вашата прва заедничка фотографија на социјалните мрежи и чувството на гордост длабоко во себе заради успехот во пронаоѓање на љубов.

7. Првиот пат кога таа личност ќе ги запознае вашите пријатели и семејство, но и првиот пат кога вие ќе ги запознаете неговите/нејзините родители. Притисокот расте, но чувствувате задоволство и среќа кога забележувате дека сте одлично прифатени.

8. Првиот пат кога ќе се извините еден на друг после првата расправија и продолжувате понатаму градејќи цврста врска.

9. Кога ќе го помирисате неговиот/нејзиниот парфем некаде и знаете дека ѝ припаѓа на таа личност, но сфаќате дека не е тука со вас. Во моментот станувате тажни, но и се чувствувате добро бидејќи знаете дека повторно ќе се прегрнете.

10. Потоа сфаќате дека поминале неколку месеци со вашата љубов и започнувате вистински да уживате во врската која е прекрасна и возбудлива. Сфаќате дека од тука работите можат да одат само на подобро.

Се препознавте ли?

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава