5 знаци дека тој ќе биде добар во кревет

Пронајдовте нов дечко, прекрасно ви е и решени сте дека сакате да имате секс во скоро време. Но, што ако не е добар? Како да откриете дали заслужува чиста 10-ка?

5-znaci-deka-toj-ke-bide-dobar-vo-krevet-01.jpg

За среќа постојат најмалку 5 знаци кои може да ви откријат дали вашиот нов маж е вреден за трудот кој планирате да го вложите:

1. Се однесува како џентлмен

Ви отвора врата, ви помага да го облечете палтото, ве прашува дали го завршивте важниот проект на работа... Овие знаци укажуваат на маж кој се грижи за туѓиот живот, што значи се грижи и за туѓото задоволство. Бидете сигурни дека оваа особина останува дури и кога светлата ќе се изгаснат.


2. Знае каде да ве допира

Добриот љубовник ќе го познаете по сензуалноста која ја носи во себе, надвор од спалната соба. Мажот кој ви ја допира раката за време на вечерата или нежно ви го допира грбот додека излегувате пред него, ќе знае како да ве допира по целото тело.


3. Не се врти сè околу него

Веројатно е дека мажот кој ќе ви понуди секс во автомобил нема да го добие истото како и оној кој прво ќе ве праша како го поминавте денот, дали сакате да одите на вечера или можеби сакате да изгледате некоја нова комедија.


4. Не му се брза

Мажот кој знае дека сте вредна за чекање - ќе чека. Затоа, ако ви каже „ќе причекаме“, или „воопшто не ми се брза“, не го разбирајте како одбивање, туку како комплимент.


5. Прави да се чувствувате прекрасно

Мажот кој постојано ви дели комплименти е оној со кој сакате да одите во кревет. А ако начинот на кој ве гледа ве тера да се чувствувате неодоливо? Тогаш таа хемија гарантира совршен секс.

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...

Најчитани неделава