Исповед на една тинејџерка: Зошто кријам дека сум невина?

Пред неколку недели седев со другарките и зборувавме на омилената тема - момчиња. Другарка ми Сара раскажуваше за романтичното искуство кое го имаше уште пред неколку години и сите само ја слушавме.

ispoved-na-edna-tinejdzerka-zosto-krijam-deka-sum-nevina-01.jpg

Кога Сара заврши со приказната, третата другарка Елена се сврти кон мене и ме праша дали сум девица.

Кога го слушнав тоа прашање, замолчев за момент, а потоа една лага излета од мојата уста.

Толку се чувствував лошо што ги излажав, па за да си олеснам утредента на Елена и пратив порака со вистината: „Невина сум“.

Меѓутоа, веќе подолго време се заплеткувам во оваа лага, како и сите останати околу мене.

Само мојата мајка, една пријателка и јас знаеме дека сум девица, сите останати го мислат спротивното.

Денес луѓето сами си донесуваат заклучоци кои често се погрешни. Моите пријателки ме гледаат како атрактивна, интелигентна, љубезна и чувствителна, со еден збор нормална личност. Тие мислат дека мојата сексуална историја се поклопува со нивната, но јас сум тотална спротивност.

До своите 17 години ниту еднаш не сум се заљубила, не сум имала сериозна врска и не сум поминала низ раскинување кое ми го скршило срцето. Што значи, не сум ни била интимна со никој.

Се прашувате зошто излажав? И јас често се прашувам, но од непозната причина чувствувам срам затоа што до сега не сум го почувствувала тој степен на интимност. Иако себеси се сметам за самоуверена девојка, сепак започнувам да чувствувам некој недостаток кога ќе се споредам со моите другарки.

Изгледа денес важно е само да се вклопиш некаде и многу сум лута затоа што мојата генерација се фали со своите „отворени погледи“.

Кога би кажала дека сè уште не сум спиела со ниту еден дечко, друштвото ќе ме осуди и ќе ме означи како претерано чесна. Девојчињата кои до одредена возраст немале секс се обележани, а мислам дека не би требало да биде така.

Дали би требало да се срамам што по неколку пијачки не сакам да скокнам во кревет со некој дечко?

Мојот план не е својата невиност да ја чувам за брак. Всушност, би сакала да имам секс. Но, за својот прв пат сакам да имам момче кое ќе го сакам и кое ќе разбере.

Се почитувам самата себе што се држам до своите убедувања и верувања, но исто толку се мразам себеси кога и да изговорам лага поврзана со мојот сексуален живот.

Не сакам да бидам лажга, само сум замрзната од страв кога ќе помислам дека моите другарки нема да ме разберат.

Кога подобро ќе размислам, мојата интимност не би требало никого да го интересира, но работите се малку поинакви. Кога вистината ќе исплива на површина, тоа е моментот кога започнуваат осудувањата и многубројните прашања.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...

Најчитани неделава