20 начини да импресионирате жена

Жените никако не сакаат срамежливи момци, кои не знаат на кој начин да и пријдат и кои пред неа се топат не знаејќи да „гукнат” ниту зборче.

20-nacini-da-impresionirate-zena-001.jpg

 Жените сакаат да бидат освоени, заведени и сакаат кога мажите ги влечат конците, а ако до сега не успеавте да оставите добар впечаток, погледнете ги овие 20 начини со кои сигурно ќе ја импресионирате:


1. Однесувајте се како возрасен човек

Ова значи да не игнорирате нејзините повици, пораки, да не се опуштате премногу во разговорите со разни досетки, кои веројатно нема да и се чинат смешни на почетокот. Бидете сериозни во текот на првите состаноци.


2. Донесете одлука

Донесувањето одлука за било што значи сигурност, а жените сакаат сигурност.


3. Размислувајте однапред и имајте план

Во ред е да не бидете премногу внимателни кога букирате романтично викенд бегство, но не и кога ја планирате иднината.


4. Имајте мислење за работите

Препознајте кога е потребно да го кажете своето мислење и оставете простор за туѓите мислења. Особено за нејзиното мислење.


5. Бидете транспарентни

Ако сакате да ја видите, кажете и. Ако сакате само секс, кажете и. Ако сакате врска, кажете и. Ако не знаете што сакате, оставете ја. Ете толку е просто.


6. Бидете горди на нејзината кариера како да е ваша

Во спротивно, токму недостатокот од поддршка ќе ве раздели.


7. Кога имате секс со неа...

Фокусирајте се на тоа, а не на рекреирање на порно филмот кој сте го гледале и сѐ што правите нека биде многу побавно.


8. Купете и букет цвеќе

Но, не за нејзиниот роденден, не за 8-ми Март, не за Валентајн туку купете и букет кога не очекува и кога навистина заслужува.


9. Гледајте ја во очи

Кај неа тоа функционира исто како да испила 2 чаши вино.


10. Кога ја прашувате каков и бил денот...

Фокусирајте се на одговорот, слушајте и прашувајте.


11. Поканете ја да танцувате

Бонус поени ако тоа се случува додека сте сами дома.


12. Останете тивки и смирени кога сакате да викате

Зарем сакате да изгледате како плачливо 2 годишно дете?


13. Третирајте ја како што би сакале некој маж да ја третира вашата сестра, ќерка...

Би сакале ли во иднина некој маж, да бара од вашата сестра или ќерка фотографии со делови од нејзиното тело, откога го добил нејзиниот број?


14. Верувајте и

Немојте да мислите дека пријателството со машки пријатели значи дека таа ќе биде украдена од вас или дека сака да ве направи љубоморен... Верувајте и.


15. Ако сакате да раскинете, направете го достоинствено

Не играјте игри од видот „Ми е потребно време за себе”. На тој начин само ја држите блиску до себе без потреба, а тоа не е во ред. Кажете и јасно дека е готово.


16. Јавете се тогаш кога сте кажале, бидете каде што сте ветиле, правете го тоа што сте планирале.

Толку е просто.


17. Знајте кога и како да се извините

Не се извинувајте затоа што таа се чувствува лошо, извинете се бидејќи сте постапиле така.


18. Мудро управувајте со зборовите

Кажете и дека ја сакате, дека ви е жал или дека ќе и се јавите, само тогаш кога навистина го мислите тоа.


19. Почитувајте ја, дури и кога сте и лути

Дури и кога ставате крај. Дури и откога сте ставиле крај. Дури и ако таа никогаш не дознае - почитувајте ја.


20. Ако ја сакате борете се за неа, а не со неа. 

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...

Најчитани неделава