Знаеш ли како ѝ е неа кога ќе ти го скрши срцето?

Никому не му е лесно да раскине, особено ако нема конкретна причина, туку само лошо чувство. Што ако сè е во ред и не можете да си кажете ниедна забелешка или маана, но сепак нешто не чини. Колку храброст е потребно за да се остави сè, без да се има нова цел?

znaes-li-kako-i-e-nea-koga-ke-ti-go-skrsi-srceto-01

Те оставила без причина, ќе речеш... Сè беше добро. Ја сакаш, се трудеше да ѝ угодиш на секој можен начин, секогаш беше тука за неа, сè би направил за неа.

И таа исто така. Од каде наеднаш целиот тој виор од измешани чувства и зборови кои го бришат сето време?

Помислуваш на сè! Нашла друг...не си доволно добар за неа...си згрешил нешто...

Си помислил ли како ѝ е неа кога знае дека ти го скршила срцето?

Тоа е последното нешто што сакала да го направи. Дури и сè би дала да е на твоето место, да може да биде таа што ќе има кого да обвини, а не таа која остава и која се обвинува себе.

Со денови размислува за твојот замаглен поглед кога те оставаше, за секое твое движење, за секој збор, за твојот глас.

Колку и да сака да избега од грижата на совест и да продолжи понатаму, не може.

Би сакала да се казни себе, да страда. Се чувствува себично и смета дека веќе не заслужува ниту забава ниту вистинска љубов.

Знае дека тоа што го направи беше правилно, но сепак се чувствува како најлошата личност во светот.

znaes-li-kako-i-e-nea-koga-ke-ti-go-skrsi-srceto-1.jpg

Таа сама си го скрши срцето, а од себе не може да избега. Свесна е дека можеби го напушти единствениот кој знаел вистински да ја сака, единствената личност која се однесувала најдобро кон неа, личност за која секој би ѝ рекол дека е луда ако ја напушти.

Свесна е, да, но повторно би го направила истото.

Свесна е доволно за да знае дека треба да му верува на внатрешното чувство, колку и да не може да го објасни.

Знае дека нема сè да помине наеднаш, но знае и дека ќе дојде денот кога ќе го добиете одговорот и вистинската причина за сето тоа.

Таа знае дека тоа е едноставно најдоброто нешто што мора да го направи во моментот. Многу ѝ недостигаш. Но, знае дека еден ден ќе си бидете благодарни еден на друг.

Ти ја посакува целата среќа на светот и се надева дека ќе те види со некоја која те заслужува, колку и тоа да ја боли во овој момент.

Сè што сака да знаеш е дека таа даде сè од себе и го направи најдоброто.

znaes-li-kako-i-e-nea-koga-ke-ti-go-skrsi-srceto-2.jpg

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава