5 совети за да станете секс бомба во креветот

Скоро секоја девојка посакува да биде вистинска секс бомба, барем за партнерот во кревет. Посакува да му ги оствари сите фантазии и да биде најдобра за себе и за него.

5-soveti-za-da-stanete-seks-bomba-vo-krevetot-01

За сето тоа, потребно е пред сè многу самодоверба, но и некои работи кои може да ги научите и да се покажете во вистинско светло.

1. Чувствувајте се добро во своја кожа

Сигурно и вие сте забележеле дека секоја девојка која се чувствува убаво и однадвор изгледа добро и привлечно. Важно е да се покаже поголема самодоверба и да ви биде удобно во сопствената кожа.

Свесните жени повеќе уживаат во сексот, знаат и да иницираат некои работи, но и да го побараат она што го сакаат.

Можеби понекогаш тие се загрижени за своите облини, но ако знаат да се носат со тоа, мажите уште повеќе ги посакуваат.


2. Научете како да го загреете партнерот

Исто како и жените, така и мажите сакаат масажи, милувања, допири, па искористете го тоа за да ја започнете сексуалната иницијатива.

Почнете со масажа на како онаа што ви ја прави фризерот кога ви ја мие косата. Потоа продолжете со масажа на вратот, рамената и целото тело.

Последна точка нека биде неговиот полов орган. Ваквото доживување нема никогаш да го заборави.

5-soveti-za-da-stanete-seks-bomba-vo-krevetot-1.jpg

3. Предигра

За повеќето мажи предиграта претставува орален секс. Но, жените знаат дека во тој дел има повеќе работи.

Жените мора да ги научат своите партнери што сè може да се прави за време на предиграта.

Потребно е да бидете похрабри и да ја разбудите фантазијата, па да му покажете на партнерот дека предиграта може да биде дури и подобра од сексот.


4. Користете „валкани“ зборови

На жените понекогаш им се испушта по некој „валкан“ збор или пцовка за време на сексот, но мажите токму тоа го обожаваат. Жените дури не се ни свесни колку може да им помогнат таквите зборови.

Мажите уживаат кога жените за време на сексот зборуваат „валкано“, попривлечни им се и подобро се покажуваат во сексот.

Не мора веднаш да почнете или да претерате, но искористете некој од најжешките моменти за дополнително да ја подобрите атмосферата.

Истото може да го искористите и како предигра или додека договарате средба по смс или мејл.


5. Ништо без секси долна облека

Долната облека не се гледа, но вие знаете што носите. Тоа треба да го запомните и да си го повторувате во глава, бидејќи и на тој начин си ја зголемувате самодовербата.

Затоа, потрошете повеќе пари за квалитетна секси долна облека, која ќе ја носите дури и под тренерките.

Ако ви ѕирка чипката на градникот или прерамките, партнерот ќе заборави веднаш дека одозгора носите тренерки или обична маица.

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg