Најголемите вистини за сексот кои треба да ги знаете до 30-тиот роденден

Дали е важна и за кого големината на пенисот? Што кога сме премногу уморни за страст, а што кога имаме подраснати влакненца? Одговорите на овие прашања треба да ги знаете до 30-тиот роденден...

najgolemite-vistini-za-seksot-koi-treba-da-gi-znaete-do-30-tiot-rodenden-1

Прочитајте ги најголемите вистини за сексот кои не смеете да си дозволите да не ги знаете:

Не му пречи ако не сте свежо депилирани

На вашиот партнер навистина не му е важно дали вашите нозе се целосно мазни или пак имате некое влакненце вишок.


Ширината е поважна од должината

Големината на пенисот е важна за секој маж. Но, истражувањата покажуваат дека на жените многу поважен им е изгледот на пенисот и неговата ширна, отколку должина.


Повеќето жени мастурбираат и тоа е во ред

Самозадоволството опушта, ги ублажува менструалните болки и е одличен извор на уживање и запознавање на сопственото тело.


И тој сака да се гали

Во текот на сексот мажите и жените го отпуштаат хормонот окситоцин, кој се нарекува „хормонот на прегратките”. Окситоцинот ја поттикнува желбата за интимност, но и влијае на развојот на довербата како кај мажите, така и кај жените.


Вреди да се проба

Разновидноста го зачинува сексуалниот живот. Без разлика на било што, секогаш истражувајте нови места или пози кои и двајцата сакате да ги пробате.


Филмовите за возрасни се во ред

Жените кои гледаат порно филмови се возбудуваат исто толку брзо како и мажите. Што значи дека идејата дека на жените им е потребно многу повеќе време за да се возбудат и не е толку точна. На мажите им се потребни 11 минути за да се возбудат додека гледаат порно филм, а на жените само 1 минута повеќе.


Глумењето оргазам е бесмислено

Покажете му што ви се допаѓа и сѐ ќе биде како што треба.

najgolemite-vistini-za-seksot-koi-treba-da-gi-znaete-do-30-tiot-rodenden-2

Подобро е со чорапи

Паровите кои имаат ладни стапала многу потешко достигнуваат оргазам, велат истражувањата. Двојките кои во текот на сексот имаат чорапи на себе многу побрзо го достигнуваат врвот.


Искреноста не секогаш е најдобра опција

Можеби ви паднало на памет да изневерите или сте добиле по некој бакнеж. Проголтајте ја кривицата и продолжете напред, доколку не сакате да го повредите партнерот.


Кога станува збор за тоа колку често, доколку долго и со колку страст...

...верувајте, пријателите секогаш ве лажат.


Ако сте премногу уморни, не се форсирајте

Доколку ве боли глава или едноставно сте премногу уморни кажете го тоа на партнерот и тој ќе ве разбере. Но, секако овие работи не треба да ви бидат изговори.


Помалку секс, значи повеќе работа

Доколку во вашиот однос има помалку секс, веројатно работите повеќе. Луѓето кои имаат односи само еднаш неделно или месечно, се свртуваат кон обврските.


Излезете од удобната зона

Има ли подобар период да направите нешто што никогаш до сега не сте ни помислиле да го направите? Зошто да не снимите секси видео или да пробате стриптиз? 30-тите години се одлични за излез од комфор зоната, а ако не сега тогаш кога?


Тој мисли дека сте привлечни...

...баш такви какви што сте!

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава