Исповед на една баба: Имам 68 години, понекогаш го изневерувам сопругот, а тој сè ми простува

Во дневникот на една 68-годишна бабичка има необична приказна, која пред само неколку дена вирално се прошири преку сајтот The Guardian.

ispoved-na-edna-baba-imam-68-godini-ponekogas-go-izneveruvam-soprugot-a-toj-se-mi-prostuva-01.jpg

Таа испраќа електронска исповед во која признава дека е среќно омажена веќе 40 години, има 2 деца, но неодамна се впуштила во љубовна авантура.

Објаснува дека љубовникот го запознала преку допишување на мејл, а тој ја освоил со писмата и романтичните љубовни песни.

Кога конечно се запознале, 68-годишната старица се впуштила и во секс авантура. Иако сексот не ја задоволил, нивното страствено допишување продолжило.

„Чувствував огромна грижа на совест заради сопругот кој го откри нашиот однос. Се обидов да прекинам, но не знам зошто, секој пат му се враќав на тој човек. Речиси идентична работа ми се случи и пред 20 години. Како да се осигурам сè да остане во минатото и да си ја вратам самодовербата?“ очајно прашала 68-годишната старица.

Терапевтката задолжена за одговор на овие љубовни исповеди, не и понуди решение, но многу добро и објасни.

„Вашата самопочит треба да остане недопрена, но вашата способност за самозалажување треба да ја преиспитате. Замислете ја болката која вашиот сопруг морал да ја поднесе и неговата посветеност, покрај тоа што сте биле во потрага за поголемо возбудување. Тој човек останал со вас и кога сте залутале, односно сè уште е покрај вас. Ако мене ме прашувате, тоа е најромантичниот гест. Страствената поезија може да го забрза вашето срце и да ви ја исполни главата со фантазии, но не може да ве прегрне кога сте дома.“

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...

Најчитани неделава