10 работи кои ќе ги сфатите ако се заљубите во девојка која сака кучиња

Можеби тоа е последното нешто на кое помислувате да го поставите како плус или минус додека гледате згодна и дотерана девојка во некој клуб и се охрабрувате да ѝ пријдете.

10-raboti-koi-ke-gi-sfatite-ako-izleguvate-so-devojka-koja-saka-kucinja-01

Но, по некое време сигурно ќе се најдете во интересна и непредвидена ситуација со нејзиното куче кое таа го обожува. И не е само нејзиното, туку таа ги сака сите кучиња. Толку многу, што по малку станувате љубоморни.

Девојките кои вистински и безусловно ги сакаат кучињата се посебен тип девојки. Може да изгледаат вообичаено и да се однесуваат така, но сè додека не видат куче во близина.

Тогаш ќе откриете една друга нејзина страна и ќе мора да сфатите некои работи:

1. Никогаш нема да бидете сигурни дали повеќе ве сака вас или нејзиното куче.

2. Секојпат кога се шетате низ градот или некаде во природа, ако види куче сигурно ќе застане да го погали. Сметајте дека ќе изгубите минимум половина час.

3. Исто така, секојпат кога ќе здогледа куче, почнува да се „лигави“ дека и таа сака некое такво, иако веќе има 3 такви.

4. Секое расправање е залудно, нејзиното куче мора да спие со вас во креветот и точка.

5. Ако ги разгледаш фотографиите на нејзиниот Фејсбук профил на пола од нив е таа со кучето, во остатокот е само кучето. Твои слики скоро и да нема.

10-raboti-koi-ke-gi-sfatite-ako-izleguvate-so-devojka-koja-saka-kucinja-1.jpg

6. Поскоро би легнала и би заспала покрај кучето, отколку покрај тебе. Од друга страна, пак, неодолива е глетката кога ќе ги видиш како спијат заедно.

7. Влакната од кучето се насекаде, дури и на тебе, па и кога неа ја нема.

8. Кога гледате заедно некој филм сосема е нормално и вообичаено, кучето, без разлика колкаво е, да скокне на креветот и да се смести баш помеѓу вас. Не се обидувај да го тргнеш, поголеми се шансите дека ти ќе завршиш на подот.

9. Не се чуди ако многу често слушаш како на кучето му се обраќа со: „Љубов моја!“

10. Кога ќе те запознава со кучето нека не те чуди ако те претстави како „негов тато“.

10-raboti-koi-ke-gi-sfatite-ako-izleguvate-so-devojka-koja-saka-kucinja-3.jpg

Сепак, на крајот, она што е најважно е дека овие девојки се искрени, топли и верни, како своите миленичиња, па нема потреба да се грижите дека ќе ве изневерат со некој друг. Сè додека ја разбирате и прифаќате нејзината љубов со кучето.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава