Се плашам од тебе љубов, затоа те третирам како роб!

Многу би сакала да те држам во прегратка, но исто толку и се плашам да не те испуштам.

seplasam-od-tebe-ljubov-zatoa-te-tretiram-kako-rob-01.jpg

Се плашам да не се скршиш пред моите нозе, а јас да не бидам во состојба повторно да те составам шокирана од твоето кршење.

Колку би сакала да верувам во тебе, безусловно и искрено, како што верував во Дедо Мраз кога бев мала.

Колку би сакала повторно да се препуштам на твоите бакнежи и милувања во доцните часови како во минатото кога истите ме правеа среќна и заштитена на твоја територија.

Но, се плашам љубов, се плашам да не прераснеш повторно во омраза, се плашам од твојата моќ врз мене, се плашам повторно да не станам твоја слуга, а ти мој господар.

Затоа се однесувам како фараон, до кој не можеш да допреш низ sидините на мојата тврдина.

Затоа те третирам како роб.

Се плашам од тебе, љубов, бидејќи некогаш за мене беше бестрашна, но сега се претвори во ѓавол со црвена наметка маскиран во стрелата на Купидон од која постојано бегам.

Се плашам да не ме погоди повторно, а сепак посакувам да го почувствувам неговиот бодеж во мојата слепочница или слабината кој ќе се рашири низ моето тело како отров.

Се плашам од тебе, љубов, но сепак те посакувам потајно…

Автор: Д.М | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава