Влегов во врска со ново момче, а го сакав бившиот. Еве што се случи

Викаат мажите се како автобуси, ако замине едниот, фати го наредниот, но што ако се качиш во погрешен?

vlegov-vo-vrska-so-novo-momce-a-go-sakav-bivsiot-eve-sto-se-sluci-1

 Јас го применив ова и веднаш после долгата врска со бившиот влегов во нова врска, а се уште го сакав него.

Одбрав пријател кој беше атрактивен, атлетски граден, паметен, добар...

На почетокот се беше совршено, ново и интересно, но после еден месец почувствував празнина во мене кога ја пронајдов заедничката фотографија од бившиот за роденден.

Како постојано да ја занемарував таа празнина, едноставно кога ќе се потсетев на него, автоматски го менував расположението и мислите на нешто сосем друго.

Пред очи ми прелетаа сите убави мигови и глупавата причина поради која завршија истите, а јас завршив во солзи кога сфатив што направив.

Новата врска ми стана мачење, секојдневното гледање ми претставуваше проблем, а кога некој го сакаш и сакаш да го видиш нема проблем околу тоа.

Секот ми стана гадење, бидејќи се чувствував погрешно кога имав секс со некој што ми е само интересен, за разлика од сексот кој го имав со момчето кое го сакав. Тоа беше плод на љубов.

Се чувствував глупаво, дволично и изгубено, постојано размислував за бившиот и сакав да си побегнам од кожата.

Направив голема грешка која не знаев како да ја платам - новото момче се заљуби во мене, а јас не го сакав.

Започна да планира заедничка иднина и да се приврзува се повеќе за мене, не смеев да му ги уништам очекувањата и соништата.

Сето тоа беше така се додека не сфатив дека сум само човек кој прави грешки како останатите и заслужува шанса во животот.

Шанса која прво треба да си ја дадам самата себеси, а потоа и на моето ново момче или бившиот.

Научив дека никогаш, ама НИКОГАШ не треба да бараме нова љубов, се додека старата живее во нас, бидејќи таа ќе биде онаа што ќе не убива секој ден бавно, но сигурно.

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава