Проверете дали сте просечни љубовници

Како што има некои типично одредени стандарди за тоа какви треба да бидат жените, така, постојат некои одредени правила и за тоа што значи да сте типично момче. Не значи ништо страшно и ако не се пронајдете во некоја од карактеристиките, но добро е да ги знаете стандардите, па некои работи можеби и ќе можете да ги подобрите.

momci-proverete-dali-spagjate-vo-normalnite-koga-ste-vo-krevetot-01

Овие стандардни посебно се однесуваат на сексот и вашата улога во креветот.

Големина на пенисот

Едно истражување од сексуалната медицина покажува дека просечната должина на машкиот пенис во ерекција е нешто поголема од 13.97 cm. Само околу 2% од мажите можат да се пофалат со величина од 20 cm.


Губење невиност

Истото истражување утврдило дека во просек мажите ја губат невиноста на 17 години.


Употреба на кондом

Загрижувачки е фактот дека само една четвртина од мажите користат кондом секојпат кога имаат секс. Две третини признале дека воопшто не ги интересира заштитата.


Често гледање порно филмови

Истражувачите потврдуваат дека само околу 6% од луѓето не гледаат порно филмови на неделна основа, 30% ги гледаат еднаш во 2 недели, 39% ги гледаат три пати неделно, а 19% уживаат 6 до 10 пати во ваквата содржина, додека 7% порно филмовите ги гледаат повеќе од 11 пати.

momci-proverete-dali-spagjate-vo-normalnite-koga-ste-vo-krevetot-1.jpg

Времетраење на сексот

Според она што го тврдат научниците, траењето на односот е 3 минути и 45 секунди. Истото истражување открива дека жените сакаат интимноста да трае барем 23 минути.


Подготвеност за повторување на акцијата по сексот

Научниците откриле дека на мажите во дваесеттите во просек им требаат 19 минути за да се „обноват“ од првиот сексуален однос и да бидат подготвени за втор. На постарите им треба повеќе време.


Зачестеност на сексот

Што се однесува на зачестеноста на сексот, изненадувачки е фактот дека оженетите мажи сакаат секс четири пати неделно, додека оние во врска, секс сакаат само двапати неделно.


Омилени пози

Дури на 27% од мажите омилена секс-поза им е мисионерската, а 24% од мажите ја сакаат кучешката поза.


Секс играчки

Утврдено е дека 80% од мажите сметаат дека со помош на вибратор жените полесно ќе доживеат оргазам. Две третини од мажите кои ги користат секс-играчките во спалната соба, признаваат дека тие им го олеснуваат притисокот и очекувањата кои ги имаат.


Предигра

Жените би сакале предиграта да трае 19 минути, додека во реалноста трае 11 минути. Мажите проценуваат дека за предиграта се доволни 13 минути.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава