Останав со девојката што ме сакаше вистински и станав вистинскиот јас!

Бев од оние момци кои не сакаат сериозна врска, сакаат само излегување со девојки, спиење со нив и добри забави повторно во нивно друштво. Но, ништо повеќе од тоа, сè додека не ја запознав неа.

ostanav-so-devojkata-sto-me-sakase-vistinski-i-stanav-vistinskiot-jas-02

Не верував дека ќе се најде девојка според мои стандарди, впрочем ниту знаев дека имам стандарди сè додека не ја запознав оваа девојка која сама ги одреди стандардите.

Не знаев што ми се случува, започнав да мислам само на неа, наместо на евтините девојки кои не и беа ниту до колена.

Беше совршена, можеби и не беше, но јас ја гледав како таква, нели велат дека оној што го сакаш секогаш е совршен во твоите очи без разлика на тоа каков е во очите на другите.

Тогаш се сепнав, зарем јас ја сакам?

Досега не сум сретнал девојка во која мислев дека ќе се заљубам, уште помалку дека ќе ја сакам, но ова се случи спонтано, што ми докажа дека спонтаните работи се најубави и најдобри.

Таа е најубава и најдобра...

Знам дека звучам како папучар, но сметам дека доколкку дечкото си ја сака девојката не треба да биде нарекуван папучар само поради тоа.

Вака не размислував отсекогаш, таа беше таа што ми го смени видикот кон животот, сфатив дека преку призмата на љубовта тој добива смисла.

Се плашев да не ме зафркне за сите останати кои сум ги зафркнувал јас досега, започнав да верувам во карма и се покајав за сè лошо што сум сторил само за да не ја оддалечи кармата од мене.

Оваа девојка ме направи подобра личност, сфатив дека ја сакам вистински, а чувствував дека истото се случува и во нејзиното срце.

Сфатив дека љубовта е вистинска, само ако го вади она вистинското од тебе, она што секој човек го поседува, но не секој знае дека го поседува, а тоа е способноста вистински да сака.

Останав со оваа девојка што ме сакаше вистински бидејќи и јас ја засакав навистина и станав вистинскиот за неа, а пред сè за себеси.

Ги советувам сите момци кои веќе ја пронашле вистинската, но се плашат да ја задржат никогаш да не ја испуштаат од раце, бидејќи таа е онаа што ќе ги направи вистински личности, не само пред нив, туку и пред личноста која ја гледаат во огледало.

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава