Бакни за да помине!

Ја знаете ли изреката „Бакни за да помине“?

bakni-za-da-pomine-1

Јас ја доживеав на своја кожа, но не помина. Понекогаш бакнеж не е доволен за да помине она што се случува во душата, да ги смири брановите кои ја брануваат мислата и ја потонуваат.

Бевме среќни што се најдовме еден со друг, мислевме дека сме си сродни души, од оние во книгите на Пауло Коелјо, мислевме дека сме родени еден за друг, мислевме дека можеме светот да го урнеме заедно, само доколку посакаме.

Но, успеавме само нашиот свет да го урнеме.

Велат, не значи дека ако некој не те сака на начин на кој што посакуваш, не те сака воопшто, тоа е вистина, но делумна.

Доколку некој не те сака на начин на кој што посакуваш, те сака, но не те сака доволно, ете тоа е вистината.

Еуфоријата околу нова врска во која мислиме дека личноста е онаа вистинската бидејќи има ист карактер, исто размислување, исти реакции, исти гордости, исти мани и недостатоци, таа исчезнува.

Можеби не веднаш, но подоцна сигурно, ете тогаш гледаш кој колку сака, најчесто сака повеќе оној кој што искажува дека сакал повеќе.

Најчесто е повредуван оној кој дал повеќе, се надевал на повеќе, си дал самиот себеси завет дека секогаш ќе сака.

Кога врската пука тој завет останува во срцето и не го пушта да се ослободи од болката, бидејќи ете сме мислеле дека ќе биде вечно.

Не сме знаеле дека мерка за вечност е еден месец, една година, две години, десет... сè додека не сме се запознале со разочараноста.

Во тие моменти ништо нема повеќе смисла, се прашуваме зарем некогаш имало? Да би имало, немало да заврши, некој зарем глумел?

Не е ова театар, не се глумат емоции, не се ставаат маски во играта на љубовта, таа се игра без маски.

Најлошо е доколку другиот под маската знаејќи дека не го гледаме целосно, шара со очите по други маски, бара други вистински потенцијални.

Тогаш најмногу боли, кога ќе најде, бидејќи барал, а не бил свесен дека вистинската личност е пред него.

Кога некој ве остава, не жалете за вас, жалете за него што изгубил некој кој никогаш не би го оставил.

Можеби пак ќе се врати, но што би сменило тоа, нели? Тогаш и она бакни за да помине, не помага болката да исчезне.

bakni-za-da-pomine-2

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава