7 Грешки заради кои никогаш нема да освоите маж

Кога жените се наоружани со самодоверба, заводлива насмевка и секси поглед, тие без проблем можат да го освојат секој маж, но ако направат некоја од овие 7 грешки ќе доживеат неуспех.

7-greski-zaradi-koi-nikogas-nema-da-osvoite-maz-1

Лажењето, претерувањето со алкохол, правењето важни се само дел од работите кои го одбиваат мажот од вас наместо да го привлечат.

Ако сакате да освоите маж, тогаш време е да ги поправите овие 7 грешки:

1. Кикотење без престан

Мажите сакаат да се смеете на нивните шеги, но тоа не значи дека треба цело време да се кикотите дури и кога тој не кажува ништо смешно. Со кикотење можете многу брзо да изнервирате некого.


2. Гледање без да трепнете

Мажите сакаат да бидат сослушани, особено кога зборуваат за некоја тема од општа култура. Слушањето со внимание е секогаш голем плус, но огромен минус е доколку го гледате со ококорени очи без да трепнете.


3. Пофалби кон потенцијалните освојувачи

Мажите се чувствуваат добро кога знаат дека ја освоиле најдобрата девојка, благодарение на своите способности. Тие дефинитивно не сакаат да чујат кој сѐ бил заинтересиран за вас и со кого вие сте можеле да излезете.


4. Лажење

Нема ништо лошо ако сакате да кажете некоја невина лага, на пример ако кажете дека сте воодушевени од неговиот омилен бенд иако тоа не е точно. Но, внимавајте бидејќи порано или подоцна лагите ќе се појават на површина.


5. Следење

Се сретнавте во неговото омилено кафуле, во парк или во дискотека, а се правите дека сето тоа е случајно? Тој можеби ќе поверува првиот или вториот пат, но ако се сретнувате цело време ќе постигнете спротивен ефект и ќе го одбиете од себе.


6. Претерано пиење на алкохол

Во ред е да се напиете некоја чаша алкохол за да се опуштите, но не е во ред ако се опијаните. Ако претерате, имајте предвид дека нема да можете да го контролирате телото и говорот.


7. Срамежливост

Ако само седите на страна и чекате работите сами да се завршат без да се обидувате да го направите првиот чекор, тогаш големи се шансите ништо да не се случи меѓу вас. Заборавете на срамежливоста и пријдете му. 

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава