Мажите откриваат: Моментот кога сфатив дека сум заљубен

Момците решија да ги споделат своите романтични мигови кога за прв пат сфатиле дека ја пронашле љубовта на нивниот живот.

momcite-otkrivaat-momentot-koga-sfativ-deka-sum-zaljuben-1

Ако се прашувавте како да знаете кога сте заљубени, тогаш овие момци и нивните исповеди ќе ви помогнат да сфатите дали конечно и вие сте ја пронашле вистинската љубов:

1. „Кога видов како се смее, сфатив дека токму нејзината насмевка сакам да ја гледам до крајот на животот.”- Петар

2. „Ми се случуваше да се смешкам без никаква причина. Токму во тие мигови кога се смешкав како идиот, сфатив дека ја сакам.”- Горан

3. „Ја погледнав и едноставно имав чувство дека таа е ТАА.”- Андреј

4. „Едноставно, можев да не замислам и двајцата стари и бели во косите. Таа како седи на тераса и црта, а јас како седам покрај неа, ја набљудувам и пијам пиво. Можеме да бидеме и илјадници километри оддалечени, а јас и понатаму да ја чувствувам нејзината топлина.”- Алекс

5. „Разговаравме по цели ноќи и се допишувавме, но тоа не ми беше напорно. Не сакав да заспијам пред неа.”- Марко

6. „За празниците таа замина во својот роден крај, а кога се врати и кога ја дочекав на станицата, знаев дека повеќе не сакам да живеам без неа.”- Иван

7.„Не беше некој посебен миг. Растевме заедно, се запознаваме низ животот и сакав сето тоа да трае засекогаш.”- Драган

8. „Таа е една од ретките работи за кои се согласуваат моето срце и мојот ум.”- Марко

9. „Сфатив дека ја сакам кога првиот пат се скаравме и смиривме. Тогаш сфатив дека сѐ може да биде како што треба, додека се имаме еден со друг.”- Зоран

10. „Престанавме да се гледаме и да разговараме, а потоа ја видов случајно на концерт. Во тој миг сфатив дека ја сакам и дека не можам да ја пуштам да замине.”- Томислав

11. „Сфатив дека ја сакам тогаш кога сфатив дека сѐ во животот сакам да споделам со неа.”- Игор

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...

Најчитани неделава