3 типови врски кои ви ја трујат душата

Многу парови остануваат во лоши врски, упорно играјќи ги истите игри и вртејќи го истиот круг на кави, манипулации и смирувања.

3-tipovi-vrski-koi-vi-ja-trujat-dusata-01.jpg

Ако се пронајдете во еден од овие 3 типови љубовни врски, верувајте дека порано или подоцна сами ќе си ја затруете душата.

1. Врска во која сте потчинети или доминирате

Само една личност не може сама да управува со врската - без разлика дали тоа сте вие или вашиот партнер.

Ако сте потчинети, доминацијата на партнерот ќе ве натера да си ја изгубите самодовербата и љубовта полека ќе се претвори во мачење.

Ако пак сте доминантни, без оглед колку сте способни и самостојни, ќе започнете да го презирате партнерот затоа што ќе ви претставува терет.

Во двата случаи, осаменоста во врската ќе ве измори, измени и затруе.


2. Врска во која се натпреварувате

Би требало да бидете тим, а не спротивставени страни. На почекот натпреварот може да ви ја придвижува врската, но подоцна се претвора во мерење и броење.

Партнерот не би требало да ви биде конкуренција и некој кој настојувате да го победите.


3. Врска која очекувате да ви го исполни животот

Партнерот не би требало да е ваш спасител и не негова работа постојано да ви прави друштво, да ве забавува и секогаш да ви биде на располагање. Здравата врска си бара здрава индивидуалност.

А, партнерите кои зависат еден од друг како сијамски близнаци, дефинитивно не се здрави индивидуи.

Би можело да ве интересира:

Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава