11 машки потези кои откриваат дека тој изневерува, а жените ги игнорираат

Кога се работи за мажите кои изневеруваат, нивните партнерки обично не ги забележуваат очигледните знаци како предупредување, туку решаваат да ги игнорираат.

11-maski-potezi-koi-otkrivaat-deka-toj-izneveruva-a-zenite-gi-ignoriraat-01.jpg

Меѓутоа, секоја неочекувана промена во однесувањето на партнерот е потенцијално изневерување.

Преку овие 11 ситуации најлесно може да утврдите дали има трета личност во вашата врска:

1. Секоја гребаница на грбот (настаната за време на секс) или непознат женски мирис се прв и најочигледен показател дека си имате работа со неверен маж.

2. Ако вашиот партнер одеднаш работи прекувремено, секој викенд оди на патување од работа или одеднаш сите пари ги троши на скапи ресторани и излегувања, тука нешто не штима.

3. Обрнете внимание на неговото однесување - дури и ако седи покрај вас, неверниот маж често е отсутен со мислите.

4. Мажот кој преку ноќ ќе почне да се оптоварува дали кошулата е во иста нијанса со чевлите, веројатно има кој да импресионира.

5. Ако возбудено ви раскажува за некоја колешка од работа или ваша познаничка, а порано не се случувало тоа, преиспитајте ја ситуацијата.

6. Ако повеќе не ве забележува и одбива да ве допира, веројатно има зошто.

7. Ако пријателите, колегите или семејството индиректно ви кажуваат дека вашиот партнер има љубовница, не мислете дека се љубоморни. Размислете, можеби знаат нешто што вие не знаете.

8. Ако интуицијата ви вели дека ве изневерува, не ја игнорирајте.

9. Кај мажите кои изневеруваат „нападот е најдобра одбрана“ е тактиката со која пробуваат да се извлечат.

10. Одеднаш неговиот телефон е забранета зона? Добро размислете зошто.

11. Прељубниците често го менуваат расположението и односот за да не се посомневате. Затоа, ако е посебно љубезен и ве опсипува со подароци, а никогаш претходно не му текнало, размислете дали се работи за внимание или грижа на совест.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава