5 ситуации во кои не треба да му пружиш втора шанса

5-situacii-vo-koi-ne-treba-da-mu-pruzis-vtora-sansa-1.jpg

Постојат ситуации во врската кога понекогаш работите треба да ги ставите на вага и добро да процените дали е подобро да изгубите нешто или да се изборите за подобрување.

Но, овие 5 дефинитивно не се такви. Во нив ниту еден маж не треба да добие право на „поправен испит“.

1. Кога сфаќате дека имате различни животни цели

Ти сакаш кариера, а тој деца, или обратно. Тој е религиозен, а ти воопшто. Тој е во еден, а ти во друг град и никој не сака да направи компромис и да пронајде идеално решение. Кај ваквите работи од животно значење, џабе ќе давате втора шанса.

2. Нема пеперутки во стомакот

Не велиме дека цел живот ќе имате пеперутки, но барем додека работите со тазе мора да ја имате онаа љубовна еуфорија. Во спротивно, што правите со тој човек?

5-situacii-vo-koi-ne-treba-da-mu-pruzis-vtora-sansa-2.jpg

3. Ве попречува во животот

Секоја жена заслужува маж кој може да биде во чекор со неа и нејзините соништа, и за возврат да го очекува истото. Согласно на тоа, секое поставување на препрека, директна или индиректна е причина за крај.

4. Не ги почитува вашите пријатели

Негова должност е да ги почитува сите луѓе кои се околу вас, без оглед на тоа колку не се согласува со нив. И никакво безобразно однесување не доаѓа во предвид.

5. Има повеќе лоши, отколку добри моменти

Само кога си без него можеш да најдеш време за омилената серија, не треба никому да се правдаш, излегуваш со пријателите, имаш време за хоби и многу почесто си насмеана? Тогаш, зошто би давала втора шанса? За да го правиш спротивното до крајот на животот? Веројатно не.

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...

Најчитани неделава