Што кога е навистина заљубен?

И најголемиот мачомен, кога е навистина загреан, покажува знаци на заљубеност. Блогерот Rich Santos тврди дека жените при запознавањето, па...

 

... и во првите неколку месеци од врската, најчесто погрешно ги толкуваат сигналите од својот миличок.

Според Santos, сериозноста на врската во никој случај не може да се определи според купчето на пари кој партнерот го потрошил на својата девојка, времетраењето на состанокот, ниту пак според томовите на  потрошени убави и ласкави зборови.

Со цел да помогне и да ги предупреди девојките да не негуваат лажни надежи за некој „изгубен случај“,  како и да избави макар некоја девојка од болката на скршеното срце,  тој наведува седум знаци кои речиси 100% наведуваат на вистинска заљубеност:

1.Се јавува/пишува во вистинскиот моментsto-koga-e-navistina-zaljuben1
Секому е познато она непријатно чувство на неизвесност и непрестаното зјапање во телефонот во исчекување да се јави.

Иако постојат исклучоци (кои, нели, го потврдуваат правилото), дечкото кој е навистина загреан за тебе, самиот ќе ти се јави во рок од 2-3 дена, а кога вашиот однос ќе стане посериозен, и многу почесто. Доколку не се јавува, веројатно не сака ништо сериозно. И да, сосема е мала веројатноста да го изгубил твојот број, или да завршил во болница.

2. Секогаш прашува за уште еден состанок
Доколку уште пред да заврши вашиот состанок, тој веќе прашува за следниот, тоа значи дека тој навистина сака да поминува многу време со тебе.

Обично момците на почетокот се многу внимателни и не сакаат да бидат премногу нападни, но дефинитивно не се плашат да прашаат за уште еден состанок, доколку тоа навистина го посакуваат.

3. Поминал на првиот тест на одвоеност
Порано или подоцна, вашите средби  ќе бидат прекинати заради патувања, болести или прекумерна зафатеност. Доколку и по неколку неделниот прекин на комуникацијата, се` продолжи како и претходно, односот се одвива во вистинската насока.

И уште нешто -  раздвоеноста може и да ја зголеми желбата, а некои па баш тогаш и сфаќаат колку се навистина вљубени.

4.Пропушта излегувања со своите пријатели
Не, тој никогаш не пропуштил фудбалски натпревар во недела навечер или мрежни игрици со другарите, ама ете, заради тебе, ќе направи исклучок. Одлична вест, бидејќи момците не се баш воодушевени од идејата да го жртвуваат своето слободно време за работи или луѓе кои не им значат.

5. Наоѓа време
И најголемите воркохолици ќе најдат време за состанок, ако тоа навистина го сакаат. Дури и кога бирото им е претрупано со секакви материјали, а испитот сериозно се приближува, ќе најдат начин како се` да постигнат, за да имаат што е можно повеќе време кое би и` го посветиле неа.

6. Го покажува најдоброто од себе
Доколку се наоѓа во друштво на девојката која му се допаѓа, дечкото ќе внимава на своето однесување, но нема да  ги прикрива ниту своите вистински особини. Од друга страна, доколку таа и не му се допаѓа толку, ќе се однесува сосема слободно и отворено, како со своите најдобри пријатели.

7. Дремете заедно
Утринско закачкање во кревет, попладневно дремење на каучот и заедничко вршење на едноставните дневни обврски – вистински знаци дека тој не е со тебе само заради „акција“, туку и дека е подготвен со тебе да ги подели и моментите на неправење ништо и едноставното опуштање. Незаинтересираните момци едноставно не би трошеле време на овие ситници.

Би можело да ве интересира:

Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...
„Азиска каубојка“ – Секс поза која ветува брз оргазам кај двајцата партнери (18+) Оваа секс поза е слична на класичната каубојка, но различното поставување на ноз...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Совети и пози за тивок секс, за кога не сте сами дома (18+) Пуштете музика или телевизор и одберете поза која не бара многу движење на креве...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg