Одбирам да бидам сама, наместо со погрешниот

Беше тоа една вечер кога едвај чекав да пристигнам дома, да ги соблечам високите црвени потпетици и да ја избришам уништената маскара. Беше тоа една вечер кога ставив крај на уште една врска која ме уништуваше, која предвреме ме старееше, која ми ја нагризуваше душата. И иако бев свесна за тоа, останав во тој проклет, магичен круг неколку години и наместо да славам, јас липав по патот кон дома.

odbiram-da-bidam-sama-namesto-so-pogresniot-01.jpg

Ете, пристигнав дома. Ги облеков омилените пижами, патем подарок од сега веќе поранешниот дечко и со запалена цигара излегов на балкон. Долго ги набљудував ѕвездите. Можеби барав некакво објаснување, некаков одговор. Но, какво објаснување би ми дало небото кое внимателно го следеше секој мој чекор и секоја моја солза за човек кој константно пие, без разлика дали е дење или ноќе, човек кој две третини од платата си ги остава во казиното кое е во влезот на неговата зграда!?

И одеднаш лентата почна да врти во мојата глава. Си реков плачам бидејќи се одвикнувам од навиката да бидам со него, а не од потребата. Плачам за годините кои си ги фрлив, а не за тоа дека раскинавме. Не плачам за очајна љубов, плачам од гнев. Во обидот да го направам подобар човек и да го одвикнам од пороците, јас станав зависна од обиди, постојано и секојдневно.

И сите тие години сфаќам дека не сум направила ништо. Ниту тој станал подобар човек, ниту јас сум била љубена колку што заслужувам.

Тивко опцув и го напуштив балконот. За дваесетина минути се подготвив. Ги ставив истите потпетици кои два часа претходно едвај чекав да ги извадам. Облеков мал црн фустан, совршен за секаде и безвременски, си дозволив жежок црвен кармин, ја договорив другарка ми и излегов.

Сакав да трчам, на целиот свет да му соопштам дека сум сингл, дека конечно успеав да се ослободам од него. Дека сакам да бидам слободна, ослободена од грижи, да не се обидувам да променам некој, да бидам разбрана, почитувана и сакана.

Девојки, ова нека биде поука за сите вас. Не можете некого да го промените, макар во тоа да го вложите цело ваше време, ресурси, па дури и животот. Убаво рекле старите луѓето се како дрвјата, се калемат додека се мали.

Подобро е да бидете две години сами отколку година дена со некој кој апсолутно не е за вас. Бидејќи токму таа година може да ве чини цел еден живот, исполнет со немир, расправии, несреќни деца и гнев.

Автор: М.К | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...

Најчитани неделава