Верувате ли во љубов на прв поглед?

Едно од најчесто поставуваните прашања од секогаш и за век и векови: Верувате ли во љубов на прв поглед!? Постои ли жена која се нема судрено со провокативен маж, притоа помислувајќи: „Да, тоа е тој, принцот, љубовта на мојот живот!“

veruvate-li-vo-ljubov-na-prv-pogled-2-01.jpg

Девојки, од машки аспект принцот е возвишен поим за мажот. Нема таков што не сака да и биде сè на една жена: нејзиното битие, насмевка, солзи, радост. Но, момците кои се толку едноставни суштества не знаат како да изреагираат. Не би знаеле што да направат доколку дознаат дека се нечиј принц. Обично, тоа го храни нивното его и во најчест случај си земаат малку повеќе права.

Да бидеме на чисто со една работа. Љубов на прв, па и на втор или трет поглед не постои. Тоа е занес, страст, почеток на симпатизирање. Љубовта е една од оние работи коишто не се случуваат преку ноќ. Таа бара познавање на себеси и на љубениот, созреани ставови, разбирање, доверба, поддршка. Она што го нарекуваме љубов на прв поглед е темелот на куќата која допрва треба да се гради.

Ако постоеше љубов на прв поглед тогаш зошто има толку многу пропаднати врски? Зошто толку дилеми околу тоа дали треба или не треба да се стапне на лудиот камен? Вистинската љубов не познава кавги, љубомори сцени или дилеми.

Доколку некогаш сретнете случајна личност којашто ќе ви го украде погледот, прстот на чело, подзастанете и вдишете. Светот е хаотичен, не е на Дизни. Не можете за секоја згодна индивидуа да помислите дека токму таа е вистинската.

Како што на секоја овошка и треба време за да созрее така и љубовта. Вистинската љубов која ќе создава насмевка на вашето лице е онаа која ни триесет години не може да ја уништат, онаа која некој трет не може да ја расипе, онаа која како што рекол Ерих Фром - ќе направи едно од две суштества коишто притоа нема да го изгубат својот идентитет!

Автор: М.К | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...

Најчитани неделава