Реченици кои ја зголемуваат неговата желба за секс

Повеќето мажи се воодушевени кога ќе дочекаат секси иницијатива од нивната партнерка, посебно ако тоа е на суптилен начин.

recenici-koi-ja-zgolemuvaat-negovata-zelba-za-seks-01.jpg

Пробајте ги овие 10 реченици кои сигурно ќе го расположат за секс:

1. Ми недостасуваше

Ако не сте се виделе подолго време, оваа реченица е идеална предигра со која ќе му покажете што точно ви недостасувало.


2. Вечер ти си на ред

Угодувањето во сексуален контекст за повеќето мажи е на самиот врв од листата на желби.


3. Имам изненадување кога ќе стигнеме дома

Самото зборче изненадување ќе му ја разбуди фантазијата, па предиграта ќе започне уште од влезната врата.


4. Ми требаш

Желбата и потребата се можеби најдобриот нагон кој мора да му го кажете на глас. Со оваа изјава му давате до знаете колку ви значи во емотивна смисла, а што повеќе емоции има - сексот ќе биде постраствен.


5. Земи со тебе и шише вино

Јасна порака дека вечер сакате да уживате. А, што оди најдобро со вино?

recenici-koi-ja-zgolemuvaat-negovata-zelba-za-seks-02.jpg

6. Ти благодарам

Мала благодарност ќе му даде до знаење дека го цените, а тоа ќе му ја разбуди самодовербата. Потоа сигурно ќе сака да се покаже и на други полиња.


7. Прекрано мирисаше сабајле

Доволно е самото тоа што сте забележале дека малку се потрудил, па не постои подобар афродизијак од ова.


8. Постојано размислувам за тогаш кога...

Присетувањето на некоја конкретна сцена со него е одлична од повеќе причини. Прво, го зајакнувате неговото его, а второ, кај мажите директното изразување е посебно ценето.


9. Вчера ми пријде еден маж...

Иако не е добро да си поигрувате со овие изјави, кај некои мажи повремената инекција љубомора може да направи чудо за либидото. Фактот дека сте посакувани и можната конкуренција секако ќе ги разгори страстите.


10. Нели сум згодна во ова?

Ова сепак треба да оди заедно со некоја фотка. Генерално самодовербата е најпривлечна особина за мажите, па тоа што сметате дека сте згодни и само барате потврда, може лесно да му ја разбуди фантазијата.

recenici-koi-ja-zgolemuvaat-negovata-zelba-za-seks-03.jpg

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава