Справете се со кризата

spravete-se-so-kriza-vo-vrskata-povekjeЧувството дека нешто не е во ред со вашата врска не треба веднаш да биде причина за прекинување на истата. Сепак за да го решите проблемот морате...

 

...претходно да признаете дека тој постои. Доколку партнерите премногу се колебаат или пак долго време го игнорираат проблемот, тогаш на врската и нема спас.

spravete-se-so-kriza-vo-vrskata

Колку порано станете свесни за проблемот, почнете да разговарате и се обидувате да го решите, толку поголеми шанси имате да ја спасите врската, а понекогаш и уште повеќе да ја зајакнете.

Ова се однесува дури и на сериозните проблеми како што е неверството, кога едниот партнер се чувствува повреден и изневерен.

Од друга страна пак, доколку сте свесни дека проблем постои, а вие упорно избегнувате да разговарате за тоа, тогаш дефинитивно ја осудувате својата врска на пропаст.

Доколку не реагирате на време, толку многу ќе се оддалечите од својот/а партнер/ка, што потоа ќе биде невозможно повторно да се зближите.

При тоа ќе се доведете и себе си во ситуација кога не ни сакате да го решите проблемот, туку едноставно чекате врската да заврши и потоа да продолжите со својот живот.

Дури и ако сте навикнале на моменталната ситуација и не гледате некој проблем во својата врска, можеби сепак повремено би требало да го приспитате својот однос со партнерот/ката.

Еве неколку знаци кои предупредуваат на можна криза во врската:

  • Кавгите не се моментални несогласувања, туку начин на комуникација
  • Внимание и разбирање не добивата во врската, туку ги барате надвор од неа, кај пријателите или семејството
  • Веќе не можете ни да се сетите што ве привлекло кај вашиот партнер/ка
  • Нама интимност, сексот ниту го посакувате ниту го практикувате
  • Избегнувате да поминувате време заедно
  • Се чувствувате беспомошно и незадоволно, постојано тажно или вознемирено, а целата врска ви изгледа базнадежна

Доколку почуствувате или забележите некој од наведените знаци, најдобро би било веднаш да реагирате. Разговарајте со партнерот/ката, ставете му/и до знаење како се чувствувате и обидете се да го решите проблемот.

Доколку и двајцата се согласите дека не постои решение или не сте волни да го барате, тогаш прекинете ја врската со време без да се измачувате дополнително.

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg