Јас ја сакав, а таа безвредна

Слушам те озборуваат, си била посреќна откако ме напушти. Ах, будалче, па зар можеш да бидеш среќна без човекот кој те знаеше како дишеш....

jas-ja-sakav-a-taa-bezvredna-01.jpg

Ако, нека ми е лекција. Сите букети рози кои ги испраќав на твојата домашна адреса, сите вечери во елитни ресторани, луксузните одмори, скапите крстарења... Се за тебе. Светот да го посакаше, ќе го подигнев најголемиот кредит од најголемата банка и ќе ти го купев.

Те сакав како луд. Не можев да разберам зошто не сум те сретнал порано, не можев да замислам ниту еден ден, а да не го видам твојот ангелски лик.

Одеднаш, целиот мој свет се скрши на милиони парчиња кои никогаш нема да успеам да ги залепам. Зеде, туку така, без збор, без најава, без порака за збогум ме напушти.

Јас, тежок идиот, коленичев, те молев да се вратиш. Не знаев како без тебе. Се надевав на твоето враќање.

Се додека еден ден не те видов во нашиот омилен коктел – бар со твојот шеф. Толку страсно се бакнуваше со човекот кој е две години постар од твојот татко.

Сфатив која будала сум бил. Сфатив колку безвредна си била. Колку си немала грам достоинство.

Сега откако изгради кариера, признај ми среќа е да спиеш со тој човек? Среќа е да имаш двојно повеќе подароци од оние што ги имаше со мене, но не и човек кој го сакаш? Знај, ниту тој тебе те сака, доволно е што му го храниш егото.

Ако тоа е среќа, еве продолжи да бидеш среќна без оној кој беше твоето се, оној на кој ти му беше целиот свет.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...

Најчитани неделава