Љубовта е слепа

Го запознав во еден кафе – бар додека во тоалетот упорно се обидував да ја отстранам дамката од црвено вино на бел фустан со сапун и вода. Ми се насмевна на обидот и се врати со шише бело вино. Се приближи и ми ја потури дамката.

ljubovta_e_slepa_2.jpg

„ Што правиш бре, зар си ненормален? Се мачам со ова, ти ми направи нова дамка “ – бесно му се развикав

„Хаха, мала црвено вино се чисти со бело. Клин со клин се избива.“

Во право беше. Наредните тринаесет вечери го чекав да се појави во барот за да го почестам пијалак и да му се заблагодарам.

Кога конечно се откажав од чекање, се појави. Застанав пред него, со пијалак во раката и се заблагодарив за нашата претходна средба. Беше неодолив. Имаше насмевка од која ми се тресеа нозете.

Наредните неколку месеци живеев во волшебна бајка. Јас и тој, не постоеше никој друг на светот. Пиевме пиво под ѕвездите, ми раскажуваше за суштината на живеењето, непрестанато се гушкавме, лудо се љубевме.

Тој ме врати во живот. Ми го покачуваше адреналинот секоја секунда. Беше тип на маж кој секоја жена би го посакала за љубовник и пријател. Дење – бизнисмен во костум, после работното време – фраер на мотор со кожна јакна.

Тој беше маж кој те остава без зборови, те гали со поглед, те ежи со бакнеж.

Но, кратко потоа сфатив дека нашата врска имала уште пократок рок на траење. Го немаше со денови. Телефонот му беше исклучен. Го немаше на работа, зел одмор.

Во обидот да го пронајдам, се запознав со неговата сопруга која шест месеци била на специјализација во странство. Во обидот да добијам објаснување и извинување добив силен удар од еден лажливец кој ми потврди дека љубовта најчесто е сосема слепа.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава