15 работи за кои секој пар мора искрено да разговара пред бракот

9. Секс

Дали можете да спиете со само една личност до крајот на животот? Дали ќе бидете среќни и задоволни со тоа? Дали знаете како да си ги задоволите потребите? Ако не можете потврдно да одговорите на овие прашања, добро е да почекате пред да се одлучите за брак.


10. Тврдо или меко?

Ова се однесува на вашиот душек. Ќе спиете во ист кревет? Ако да, каков треба да биде душекот? Ако пред вас стојат голем број на непроспиени ноќи, постои поголема веројатност дека ќе бидете незадоволни и раздразливи, па и побргу ќе започнете со расправии.


11. Семејни обврски

Колку време сте поминувале со семејството до сега, а колку можете да одвоите за нив кога ќе стапите во брак и ќе имате деца? Колку време очекувате дека вашиот партнер ќе поминува со своето семејство? Како и каде ќе ги поминувате празниците?


12. Одмор

Од голема важност е да правите компромис за одморите. Можеби еден од партнерите сака кампување, а другиот луксузни хотели или едниот не може да се одвои од канцеларијата, а другиот едвај чека да си замине од неа... Во секој случај, важно е заедно да си ги исполните желбите.

15-raboti-za-koi-sekoj-par-mora-iskreno-da-razgovara-pred-brakot-03.jpg

13. Презиме

Кое презиме ќе го земе сопругата? Како мажот ќе се чувствува ако таа го задржи своето презиме, а децата го носат неговото? Оваа тема сега ви се чини како ситница, но всушност е повеќе од комплицирана затоа што не се работи за самото презиме, туку за начинот на размислување.


14. Кариера

Колку сте посветени на вашата кариера? Кои се вашите работни обврски? Колку време планирате да поминувате во канцеларија и работење надвор од неа?


15. Телевизија во спалната соба

Кога станува збор за телевизор во спалната соба, размислувајте како за метафора на вашиот брак. Дали ви треба за да ја избегнете интимноста или да ви биде заедничка активност? Вака можете да видите каков ќе биде вашиот заеднички живот.



Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...

Најчитани неделава