15 реални факти за љубовните врски: Нема да се чувствувате поисполнето и ќе се карате за ситници

Иако врската е можеби најубавото нешто бидејќи имаме со кого да ја делиме постелата, да споделуваме разни новости или едноставно да бидеме постојано покрај некого, врските често знаат да бидат стресни и напорни.

15-realni-fakti-za-ljubovnite-vrski-nema-da-se-cuvstvuvate-poispolneto-i-ke-se-karate-za-sitnici-01.jpg

Но, како и сѐ во животот, и тие се исполнети и со убави и со лоши моменти. Ова се неколкуте тајни поврзани со врските, кои веројатно никој нема да ви ги каже:

1. Некогаш треба да правите работи кои не ги сакате, на пример: дружење со неговите/нејзините лигави пријатели. Не сте секогаш расположени да одите на пиво со неговите пријатели или пак да седнете во кафуле и да ги слушате озборувањата во врска со ликовите од нејзината омилена серија. Можеби тоа не е нешто што без двоумење би го направиле, но верувајте, партнерот ќе ви биде благодарен.

2. Постои можност целото време да го поминете со иста личност и да не ви здодее, дури и напротив, да ја засакате уште повеќе отколку кога сте започнале да се забавувате.

3. Емоционалната врска може да биде страшна на почетокот. На почетокот, никому не му е лесно да стане близок со некој. Близината се стекнува заедно со довербата. Можеби ви е прва врска која има големи шанси да успее и се чувствувате ранливо затоа што не сте навикнати на личноста со која го делите креветот, особено ако сте поладен тип и врските од минатото не ви биле најуспешни.

4. Вашата сродна душа веројатно нема да биде личноста со која сте замислиле дека ќе го поминете остатокот од животот. Затоа што врската со личноста која мислевте дека е совршената за вас, не излезе толку совршена.

5. Во ред е први да кажете „те сакам“. Навистина е страшно, но барем ќе знаете дали сте на иста бранова должина. Затоа опростете се од идејата дека изговарањето на тие магични зборови значи дека вие сте повеќе заљубени.

6. Конечно ќе разберете и ќе им простите на пријателите кои ве „откачиле“ заради дружење со нивните партнери. Некогаш навистина е поудобно во кревет и гушкање во топлите чаршафи.

7. Пријателите кои сметале дека ќе бидете сами целиот живот може да имаат негативни реакции на вашата врска. На почетокот нема да ве сфатат сериозно, но како што ќе поминува времето, а вашата среќа се зголемува, така тие ќе се чувствуваат сѐ позагрозено.

15-realni-fakti-za-ljubovnite-vrski-nema-da-se-cuvstvuvate-poispolneto-i-ke-se-karate-za-sitnici-02.jpg

8. Исто како што во нова врска се стекнуваат нови (лоши) навики, исто така се забораваат старите. Пример ако пиете многу, а партнерот не пие. Позитивните влијанија се од голема предност за врските. На пример, ако сте мрзеливи тогаш работливиот партнер ќе ви го промени животот на подобро.

9. Вежбањето заедно е непожелно. Освен ако не сакате да ѝ бодете очи на околината. Во тој случај купете исти тренерки и настапете како залепени во теретаната.

10. Нема да се чувствувате поисполнето како личност. Сѐ е исто само што сте во врска.

11. Најголемите караници ќе бидат околу најмалите ситници. На пример во кое кафуле да одите вечерта.

12. Никој не е особено заинтересиран како сте се запознале. Во превод: без долги детални приказни за случајноста на вашето запознавање. Сите ќе умреме некој ден и се надеваме дека ќе биде пократко од приказната.

13. Сите што се околу вас ќе ви даваат совети за врската. 95% од нив ќе бидат ужасни. И 100% ќе ги опишуваат нивните врски. Односно, не верувајте никому. Повеќе верувајте им на вашите инстинкти отколку на зборовите од луѓето – само вие знаете што ѝ е потребно на вашата врска.

14. Сѐ уште треба да си одвојувате време за себе. Само нестабилните луѓе можат да станат зависни од партнерот. Одберете си тивка вечер и посветете ја на активностите кои вие ги сакате.

15. Некогаш ќе ви купи нешто што не би ни го погледнале, но бидејќи е од саканата личност веднаш ви станува убаво. Без разлика за колку лош подарок и да се работи.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава