10 совети за врските од мајките и бабите: Не се однесувајте како сијамски близнаци и понекогаш изненадете го со утрински секс

Колку и некоја пријателка да ви вели дека нејзината врска е совршена, запомнете дека во ниту една врска не цветаат секогаш рози.

10-soveti-za-vrskite-od-majkite-i-babite-ne-se-odnesuvajte-kako-sijamski-bliznaci-i-nekogas-iznenadete-go-so-utrinski-seks-001.jpg

Сите имаме некакви несогласувања и проблеми, но на одреден начин можеме да ја унапредиме врската. Или барем да се обидеме да ја подобриме.

Ова се совети кои веројатно ги практикувале и нашите мајки и баби за успешни врски и кои е пожелно секогаш да ги имате на ум и да се придржувате до нив:

1. Не почнувајте да му викате кога ќе ви предложи нешто што не сакате. Разговарајте и најдете компромис.

2. По сексот доближете се до него голи и прегрнувајте се. Не мора во истата секунда по оргазмот да скокнете од кревет.

3. На првиот состанок сигурно не сте се жалеле колку сте дебели. Не го правете тоа ни во врска.

4. Без оглед колку време сте заедно, ќе му биде мило да се загледате во него со заљубена насмевка и длабок поглед.

5. Колку и да не сакате, понекогаш почестете го со утрински секс. Можеби ќе сфатите дека ви се допаѓа.

6. На кој било начин да ве повредил или разочарал никогаш не се расправајте во јавност. Никој не мора да знае за вашите проблеми.

7. Задржете ја дозата на женственост и таинственост така што одредени ритуали за разубавување ќе ги правите во негово отсуство. Верувајте дека нему му се поинтересни резултатите отколку постапката.

8. Задржете ја дозата на шарм и лудост и некогаш направете нешто што не очекува. На пример, додека пешачите зграбете го за задникот, а кога ќе ве погледне, само насмејте му се и заводнички намигнете му.

9. Понекогаш потрудете се и кога немате специјална причина за тоа да се дотерате или да облечете секси долна облека.

10. Не се однесувајте како сијамски близнаци. Не мора секогаш да излегувате заедно.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...

Најчитани неделава