5 урбани легенди поврзани со сексот кои се покажале како вистинити

Светот е преполн со урбани легенди кои можат да бидат страшни, мистериозни, па дури и смешни. Сепак, тие се само легенди, па затоа не можат да бидат вистинити, нели? Но, постојат и урбани легенди кои се всушност вистинити.

5-urbani-legendi-povrzani-so-seksot-koi-ispadnale-vistiniti-01.jpg

Ова се 5 урбани секс легенди кои се покажале како вистинити:

Парови се заглавуваат за време на секс

Ова се има случено неколку пати во минатото. Според медицинските списанија, понекогаш поради интензивни грчеви се случувало луѓето да се заглават на неколку секунди. Ова се нарекува penis captivus.


Постои пилула која може да предизвика оргазам

Еден лек, кој би требало да се користи како антидепресив, предизвикува оргазам кај некои пациенти кога зеваат.

Научниците сè уште не се сигурни како зевањето може да предизвика оргазам, но се проценува дека само 5% од пациентите можат да доживеат оргазам на ваков начин.


Жена може да забремени додека е веќе бремена

Иако ова звучи невозможно, една жена забременила додека веќе била бремена. Се работи за исклучителна реткост.

Медицинските експерти досега не успеале да откријат како точно или зошто телото на жената би можело да продолжи со овулација за време на бременоста.


Премногу секс може да ве ослепи

Еден 66-годишен маж се пожалил дека привремено ослепува секогаш кога ќе доживее оргазам. Ова му се случувало само за време на секс.

Медицинските експерти подоцна откриле, дека се работи за „преодно монокуларно слепило". Со други зборови, неговите оргазми го ограничувале снабдувањето на крвта кон неговите очи за време на сексот, што предизвикувало краткотрајно губење на видот.


Машко доење е можно

Спротивно на популарното верување дека доењето е женска функција, документирано е дека мажите, исто така, се способни за произведување на млеко, па дури и доење.

Во доцните 1890-ти, прускиот научник Александар фон Хумболт забележал неколку случаи на машка лактација.

Тој запознал маж кој ги доел своите бебиња, откако му се разболела сопругата. Истражувачите веруваат дека некои мажи можат да произведуваат млеко како резултат на порастот на пролактинот, хормон кој е одговорен за лактацијата.

Одредени лекови можат да влијаат на машката хипофиза и да предизвикаат таа да ослободи повеќе пролактин од вообичаено. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...

Најчитани неделава